Кафе муабет

Злата Петровиќ откри што прават во семејниот дом со снаата и внуците- вакво нешто никој не очекуваше!

Фолкерката се радува кога се сите заедно...

Пејачката Злата Петровиќ може да се нарече богата жена, со оглед на тоа што има големо семејство кое секогаш кога има прилика го собира во својот дом, особено за време на празниците.

фото инстаграм/Злата Петровиќ
фото инстаграм/Злата Петровиќ

Меѓутоа, во нејзиниот дом секој Бадник се случува една посебна работа, на која е исклучително горда и која денес сигурно ретко се практикува.

фото инстаграм/Злата Петровиќ

– Ние трите девојки, внуката, снаата и јас спиеме на ист кревет кога е Бадник. На другата страна спијат синот Мики, синот Јован и внукот Василиј. Сите се собираме таму, а другите соби се празни. Креветите се големи, но дефинитивно гледам некој на подот во текот на ноќта (се смее). Но, еве, таа емоција не може да се купи и плати – рече искрено пејачка.

фото инстаграм/Злата Петровиќ
фото инстаграм/Злата Петровиќ

Малкумина знаат дека пејачката Злата Петровиќ има два сина, Мики кои го доби во бракот со пејачот Хасан Дудиќ и Јован од бракот со водителот Зоран Пејиќ Пеја.

Фото Инстаграм/Јован Пејиќ
фото инстаграм/Злата Петровиќ

Пејачката секогаш истакнува дека е горда што ги одвела синовите на вистинскиот пат и често зборува за тоа како нејзиниот помал син Јован работи во продавница во трговски центар.

фото инстаграм/Злата Петровиќ
Фото Инстаграм/Јован Пејиќ
Фото Инстаграм/Јован Пејиќ

– Многу сум гордa токму затоа што тој е сличен на мене и на татко мu. Ние сме многу скромни луѓе, никогаш не покажуваме што имаме или немаме – рече таа и додаде:

Фото Инстаграм/Јован Пејиќ

– Ако не ги гледате мојата душа и срце, сè друго е ирелевантно. Убаво е што, иако заработуваме добро, во ниту еден момент моите синови не сакаа да зборуваат за тоа чии се.

Фото Инстаграм/Јован Пејиќ

Злата не крие дека често го повикува постариот син да оди на настапи со неа, бидејќи тој е музичар, но тој не сака, за луѓето да не помислат дека тој успеал поради неговата мајка.

– Тие не се од тој филм едноставно и драго ми е, бидејќи тие се борат за својата иднина како личности и многу ми е драго за тоа – посочи Петровиќ за „Гранд“.

фото архива

Синот на Злата Петровиќ и Зоран Пејиќ Пејо, веќе некое време работи во продавница за спортска опрема на познат бренд.

Јован Пејиќ веќе неколку години е на оваа позиција и работи за плата помала од 300 евра иако неговите родители се познати и богати.

Фото Инстаграм/Јован Пејиќ

Злата и Пеја заработуваат по десетици илјади евра, и тоа најмногу од ромски веселби, но нивниот син е скромно момче кое покрај тоа што е студент на менаџмент, успеа да пронајде и постојана работа. Тој е добар студент и дете за пример, велат неговите познати родители.

Фото Принтскрин

Познатата фолкерка вели дека сам заработил пари за да купи автомобил и дека е многу одговорен, што и не ја чуди бидејќи и таа и нејзиниот сопруг се одговорни и вредни луѓе, па ништо не паѓа од небото. Од друга страна, и неговиот сопруг со гордост зборува за него, истакнувајќи дека Јован е дете за пример и преставува совршен доказ дека и децата на познатите можат да бидат „нормални“, „без да се фатат за лошо друштво и да тргнат во некој погрешен правец“, вели тој.

фото ekskluziva.ba/

Инаку, пејачката има уште еден, постар син, кој го доби од бракот со Хасан Дудиќ, кој исто така е многу успешен.

foto .stars.rs/

Неговото име е Мики Дудиќ и тој е дел од естрадата, за разлика од неговиот полубрат Јован кого не го интересира јавниот живот.

фото архива

Мики е клавијатурист и свири со бројни познати ѕвезди на настапите, а важи за еден од најдобрите во она што го работи.

фото инстаграм/Злата Петровиќ
фото инстаграм/Злата Петровиќ

Талентиран е и за пеење, но тоа не го интересира иако неговиот татко Хасан повеќе пати зборуваше дека би сакал неговиот наследник да сними плоча и да тргне по стапките на неговите родители.

фото архива

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close