Кафе муабет

Злата Петровиќ заврши во прегратките на овој холивудски актер: Оваа фотографија е доказ за големата љубов

Фолк пејачката не крие дека била со многу мажи...

Покрај четириесетгодишната и многу богата пејачка кариера, пејачката Злата Петровиќ уште кога зачекори на естрадата ја интригира јавноста и со својот приватен живот за кој секогаш без двоумење зборуваше.

фото инстаграм/Злата Петровиќ

Никогаш не и било проблем искрено да сподели детали од интимниот живот, а љубовниот живот на Злата Петровиќ бил доста бурен, па пејачката зад себе има три брака.

фото архива

Како шеснаесетгодишна, нејзините родители ја омажија против нејзина волја за музичарот Дуле Тодоровиќ, кого таа не го сакаше, а нивниот заеднички живот кратко траеше. Подоцна се омажи за пејачот и композитор Хасан Дудиќ со кој го има синот Мики, а по неколку години се омажи за водителот Зоран Пејиќ- Пеја со кој го има синот Јован.

фото инстаграм/Злата Петровиќ

Иако, како што вели, на нејзиниот емотивен план во моментов не се случува ништо ново, а љубовниот живот нне е претерано интересен, оваа занесна црнка во младоста била тивко страдање за многу мажи и токму кога сите мислеле дека ќе се смири и ќе остане со еден маж, таа го остава и се појавува со нов.

фото инстаграм/Злата Петровиќ

Така, во една прилика беше фатена во прегратките на холивудскиот актер и заводник Ален Делон, со кој се појави и на насловната страница на „Сабор“, еден од најпопуларните списанија, а на новинарско прашање дали тоа ќе трае , таа во нејзин стил низ насмевка рече:

фото инстаграм/Злата Петровиќ

– Секако дека нема. Ален ми е само отскочна даска за да скокнам во светот на филмот, бидејќи ако можат  Шер и Драгана Мирковиќ, зошто да не и јас?

фото принтскрин

Колку бил интригантен љубовниот живот на Злата Петровиќ, сведочат написите во весниците за нејзината романса со Саша Поповиќ, а се шпекулираше и дека поранешниот директор на продукцијата „Гранд“ планирал да ја однесе пејачката до олтарот, но тоа не се случи, а својата сродна душа ја најде покрај Сузана Јовановиќ со која се уште е во хармоничен брак.

фото ekskluziva.ba/

Злата еднаш откри дека бакнежот меѓу неа и Поповиќ се случил на прославата на 18-тиот роденден на Светлана Цеца Ражнатовиќ во 1991 година.

фото инстаграм/Злата Петровиќ

„Тој дојде кај Цеца од концерт на Харис Џиновиќ, тој ден бев деверица на свадба во Вршац, а другарка ми Милица ми рече: „Ајде! душо, ајде да застанеме малку кај Цеца. Сигурно е лудо. Јас и одговорив: „Па, како ќе одам таму, разбушавена, размачкана, шминката ми е уништена“, бев никаква, затоа што танцував цел ден на свадба и сакав само во пет часот наутро да одам на друга забава. Но, таа ме убеди и застанавме“, се присети Злата во една прилика и истакна дека таа вечер била најубава во нејзиниот живот.

фото инстаграм/Злата Петровиќ

„Влегуваме ние две и првиот што го видов беше Поповиќ. Тоа беше како гром да ме погоди во средина на стомакот. Гледам како некои танцуваат околу него, а тој гледа во мене па очилата му паднаа на нос. Ги намести наочарите и продолжи да зјапа, а и јас. Одам во тоалет, а тој ме следи. Ме застанува пред врата и ми дава комплименти дека изгледам убаво. Го прашувам што пропуштам, а тој од ведро небо ми вели: се презиваш Поповиќ. Тој ја испрати пејачката дома и седна до мене, таму разменивме фиксни броеви, по што ме бркаше еден месец“, рече таа тогаш и додаде:

ФОТО: Саша Поповиќ / Инстаграм

„Ме изведе на вечера во хотел. Беше спектакл. Нарачав ракија и пилешки џигери во сланина и тоа го воодушеви. Ми откри дека се забавувал со некоја будала која била вкочанета и само барал да ја однесе на ракчиња па тој останувал гладен. Толку се заљуби во мене што не можеше да помине ниту еден ден а да не се видиме. Беше прекрасен, посветен, внимателен. Мило ми е што и денес сме одлични пријатели. Ја сакам и многу ја ценам неговата сопруга, а Сале е голем професионалец и најдобар човек на светот“, изјави пејачката и откри каков бил во кревет.

ФОТО: Саша Поповиќ / Инстаграм

„Сале и јас бевме заедно две години. Мислам дека тогаш беше директор на „Зам“ и работеше со „Слатки грех“. Се гледавме кога имавме прилика, често кај него во Нови Сад. Но, тој беше и остана убав. Веќе таков човек не се раѓа мајки мои. До него се чувствував како принцеза. Оган е во кревет! Ах што зборам?!Никогаш не ми беше важно дали е добар или лош во кревет. Мажите никогаш не ме привлекувале поради тоа какви се во кревет. Ги сакав нивните квалитети, а Сале ми одговараше на мојата енергија“, изјави пејачката која по оваа врска се омажи за водителот Зоран Пејиќ со кој има син, Јован.

ФОТО: Саша Поповиќ / Инстаграм

Иако помина доста време од нејзиното прво појавување во медиумите, Злата сепак може да се пофали со завидна фигура и младешки изглед на кој можат да и позавидат нејзините многу помлади колешки.

фото инстаграм/Злата Петровиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close