Кафе муабет

ЗА МЕНЕ СЕ Е ГОТОВО: Ова беше последната порака на пејачката од групата “Роксет” која го крши срцето!

Пејачката беше слепа на едното око поради нејзината болест и слухот и беше оштетен, а тешко зборуваше со месеци.

Мари Фредриксон почина во понеделникот по долго и тешко боледување, a веста ја објави нејзиното семејство денес.

foto facebook
FOTO: PROFIMEDIA

Познатата пејачка на групата „Роксет“ почина на 61 година, а во 2001 година и беше дијагностициран ту мор на мозок. Во 2016 година групата мораше да ја откаже турнејата поради лошата состојба на пејачката.

Мари тогаш испрати емотивна порака до сите.

„Ова беа извонредни 30 години за бендот„ Роксет “. Нажалост за мене готови се деновите на турнеи и затоа би сакала да се заблагодарам на сите фанови кои толку долго време беа верни на нашата музика, истакна Мари.

FOTO: PROFIMEDIA

Пејачката беше слепа на едното око поради нејзината болест и слухот и беше оштетен, а тешко зборуваше со месеци.

За потсетување, Roxette или Роксет беа шведска музичка група, составено од Мари Фредриксон и Пер Гесле. Групата доживеа светски успех во доцните 1980-ти и средината на 1990-те години, при што се стекнале со 19 појавувања на британската топ листа и пет пати биле број 1 на американската листа со песните „The Look“, „Listen to Your Heart“, „It Must Have Been Love“ и „Joyride“. Понатака, уште две песни „Dangerous“ и „Fading Like a Flower“ биле на второ место на листата.

foto facebook
foto facebook

Својата најголема слава ја стекнале во периодот од доцните 1980-ти и раните 1990-ти, но нивната слава продолжила со слично темпо и после овој период, особено во Европа и Јужна Америка, каде освоиле различни златни и платинести награди.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close