Новости
Емина Јаховиќ открива детали за дадилките на нејзините синови- “Сменив дури 30, ниту една не ми се допадна”!
Пејачката за прв пат открива детали за нејзините синови
Од бракот со познатиот турски пејач Мустафа Сандал, пејачката Емина Јаховиќ ги има синовите Јаман и Јавуз, а сега проговори за се што поминала со нив.
Пејачката се разведе од Мустафа Сандал, и вели дека тоа било пресвртница на нејзиниот живот, но иако се релативно мали, синовите добро го прифатиле разводот.
– Мустафа и јас мора да бидеме во добри односи. Секој живее свој живот и тоа е природно – рече таа за „Блиц“, а потоа додаде:
– Тоа мораше да се случи , последните две години бевме заедно заради децата, но тие сега ги надминаа тие критични моменти. Не се гледаме често, нема потреба да се следиме на „Инстаграм“, нема причина и кавга, ние сме само малку разделени како него и јас, но како мајка и татко на Јаман и Јавуз комуницираме – изјави Емина во емисијата „Ексклузив“ !!
Како и секоја мајка, така и Емина Јаховиќ, секогаш го сакала само најдобро за своите синови Јаман и Јавуз.
Таа за прв пат јавно прозборе, и призна дека кога тие биле многу мали, немала доверба во никој и сменила дури 30 дадилки.
– Немав доверба во никого. Првата година и пол сменив 30 дадилки. Не ми се допаѓаше ниту една – рече Емина на почетокот, а потоа додаде:
– Имавме медицинска сестра од Бугарија. Таа беше чудна. Не ме остави да го земам своето бебе кога јас ќе посакав. На пример, еднаш таа ми рече: „Не може сега, спие“ или нешто слично. Пушти ме, жено детето е мое! Следниот ден, му реков на Мустафа дека мора да се ослободиме од таа жена – рече Емина.
– Само една дадилка беше одлична. Таа го научи мојот син да спие на време, го научи на дисциплина.
Јас не ги оставав децата често сами, тоа ми се случило можеби два пати и тоа на кратко, без тоа да биде службено патување – заклучи познатата кантавторка за телевизијата „Happy”.
Без оглед на разводот, поранешните сопружници останаа во добри односи поради нивните синови.
Откако сите ги надминаа критичните моменти, Емина реши целосно да се повлече од таа приказна, истакнувајќи дека таа и Мустафа биле дури и премногу во контакт по распадот на љубовта. Сега тоа повеќе не е така.