Кафе муабет

Еве како изгледал Саша Матиќ пред 24 години! (ВИДЕО)

Се потсети на своите почетоци...

Пејачот Саша Матиќ на својот Инстаграм профил објави видео старо 24 години, а тогаш пејачот беше на почетокот на неговата кариера.

Фото Инстаграм/Саша Матиќ

Имено, во описот на видеото тој истакна дека годините брзо летнале, но се сеќава на секој детал.

Фото Инстаграм/Саша Матиќ

– Пред 24 години… Летнаа. А сепак, сè остана во нив. Како ви се допаѓа ова денес? Дали има голема разлика во пеењето? – напиша Матиќ во описот на видеото.

View this post on Instagram

A post shared by ???? ????? (@sasamatic_official)

Музичката ѕвезда Саша Матиќ неодамна го објави својот нов албум наречен „Два животи“ со што ја круниса својата кариера која трае веќе две децении.

фото инстаграм/Саша Матиќ

– Ми олесна откако излезе албумот, бидејќи го подготвував долго време, речиси две и пол години. Се беше во ред, ги поставивме работите како што треба, се мислевме дали десет песни, дали сите 13, колку бонус, но се испадна како што треба – вели Саша за „Премиера“.

фото инстаграм/Саша Матиќ

Бидејќи овој албум е круна на неговата дваесетгодишна кариера, Саша вели дека во овој проект е вложен многу труд и дека сакал да и даде личен печат на својата публика.

фото инстаграм/Саша Матиќ

– Тешко е да се каже причината зошто се случува сето ова. Во последните неколку години се заинтересирав за оваа продукциска работа. Ме интересира звукот, не е се во сцената, настапите, има нешто во мелодијата, во таа музика. Почнав да компонирам, дури и некои големи имиња од овој наш свет ме викаат да им помогнам. Навистина уживав во правењето на овој албум, мислам дека дадов се од себе- рече пејачот и го откри значењето на името на албумот.

фото инстаграм/Саша Матиќ

– „Два животи“ значи едниот живот за кој цел живот сонував, а другиот го живеев – открива Матиќ.
Пејачот се осврна и на неговите стари хитови кои се неизбежни на секој негов концерт и откри со кои најмногу се гордее.

фото инстаграм/Саша Матиќ

-Ги има многу, но кога би ги наброиле сега, сигурно се „Кога љубовта ќе задоцни“, „Ангел чувар“, „Ти го избра него“, „Најди нова љубов. “, ова се некои песни кои ја одбележаа мојата кариера и многу сум горд на нив. Имав такви ситуации кога бев навистина горд на себе, секој пат кога ќе кажам дека не можам да одам подалеку од тоа. Мислев дека 2001 година и објавувањето на мојот прв албум беше мојот врв, но секогаш се трудев да одам чекор понатаму. Големите концерти се нешто што најмногу го сакам, срцето ми беше полно кога ја наполнив познатата белградска арена- откри Саша Матиќ во емисијата „Премиера – Викенд Специјал“.

Фото Инстаграм/Саша Матиќ

Саша Матиќ инаку е познат по тоа што е семеен човек и како што изјави на неколку пати секој слободен момент сака да го поминува со своите најблиски. Во 2003 година Саша се ожени со убавата Анѓелија и со неа доби две ќерки Тара и Александра.

фото инстаграм/Саша Матиќ

Саша често истакнува дека неговите три дами му се најважни во животот. Тој во едно интервју за српскиот таблоид „Ало“ искрено призна што би го натерало да си замине од неговата сопруга со која инаку е во складен брак.

фото инстаграм/Саша Матиќ

„Мојата сопруга и ќерките навикнаа поради работата што ја работам многу често да не сум дома и ме разбираат. Кога сум дома, се обидувам да поминеме квалитетно време и потполно да му се посветам на семејството. Многу често ме прашуваат дали сум строг или попустлив татко, но јас не сум ни едното ни другото, бидејќи никогаш не сум тука“ изјави искрено пејачот и додаде која е тајната на неговиот успешен брак.

фото инстаграм/Саша Матиќ

„Не постои тајна. Љубов, разбирање и поддршка, а кај мене постојат сите овие работи. Ако ме прашувате дали понекогаш морам да се оправдувам, бидејќи не сум дома, поштено ви велам, не се оправдувам ни на самиот себеси. Кога сум дома, мора да биде добра атмосферата, да се согласуваме, смееме и уживаме, а ако не е така, веднаш заминувам. Знам дека тоа е себично, но тоа е вистината. Тоа исто важи и за бракот, ако атмосферата помеѓу мене и сопругата беше лоша, јас би заминал“, откри тогаш познатиот пејач.

фото инстаграм/Саша Матиќ
фото инстаграм/Саша Матиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close