MAMA

Еве зошто е добро да родите и по 30-тата година од животот!

 

Иако многумина веруваат дека раните дваесетти се најдобар период за да станете мајка, тоа е подобро, сепак се поголем е бројот на жени кои се одлучуваат најголемата титула во животот да ја добијат по триесетата година, а според најновото истражување тоа би можело и да е од голма полза.

Според последното истражување, објавено во октомври 2020 година во списанието „Менопауза“, спроведено од Северноамериканско друштво за менопауза (NAMS), се вели дека дека жените кои го родиле своето последно дете на подоцнежна возраст, имаат поголема веројатност да имаат подолги телемери или односно крај на хромозомот што значи дека тие може да имаат подолг живот.

Пократките теломери се поврзани со повеќе болести и потешко преживување.

Истражувањето покажува дека стапката на скратување на теломерот може да се зголеми или намали со изборот на начин на живот, вклучувајќи диета и физички активности.

Стефани Фаубион, директор на NAMS, рече дека потребни се повеќе истражувања за да се утврди дали породувањето во подоцнежните години предизвикува издолжување на теломерите.

Модерното време донесе нови гледишта за мајчинството

Без сомнение порано 20- тите години се сметаше дека се најдобар период за раѓање на првото дете. Многу доктори препорачуваа жената да се оствари во улога на мајка додека е помлада, но денес брзиот начин на живот, трката по кариера и пари, изгледа ги помести критериумите за мајчинството, па се повеќе жени се решаваат да се остварат во оваа улога по 30-тата година.

И американските научници се согласуваат дека бременоста по 30 тата година е идеална во денешно време.

Според нивното истражување спроведено на Универзитет во Тексас (САД), во кое биле вклученни 2000 мајки се покажало дека идеален период за раѓање на прво дете е во 34-тата година од животот.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close