Кафе муабет
ДУРИ 22 АКТЕРИ ОД СРЕЌНИ ЛУЃЕ СЕГА СЕ НА НЕБЕСКАТА СЦЕНА: Тројца од нив почиnaa во иста година!
Оваа серија собра околу 140 актери кои се појавуваат во 70 епизоди...
Хумористичната серија „Среќни луѓе” беше една омилените телевизиски остварувања од поранешните југословенски простори за луѓето на сите возрасти.
Оваа серија собра околу 140 актери кои се појавуваат во 70 епизоди. Премиерно беше прикажана во 1993 година, по што беше репризирана многу пати. Оттогаш до денес, дваесет и двајца актери го напуштија овој свет, а некои од нив прерано заминаа на „небесната сцена“.
Првиот кој поч ина беше Предраг Милинковиќ, во далечната 1998 година. Тој играше дури две улоги, поштарот Јован и батлерот Софрони, кои служеа во куќата на Озрен Солдатовиќ. Потоа, во 2000 година, Никола Милиќ го напушти овој свет, кого гледачите го паметат по улогата на Ѓуро Недељковиќ „Султан“, односно шефот на одделот за јазици во кој работат Тања Бошковиќ, Радмила Живковиќ, Лилjана Драгутиновиќ и Јелица Сретеновиќ.
Познатата Ристана Голубовиќ, односно Радмила Савичевиќ, поч-ина во 2001 година на 75-годишна возраст. Три години подоцна, Михајло Бата Паскавлjeвиќ го напушти актерскиот свет кој го одигра ликот на Веселин Велишковиќ Веско, односно сопственикот на куќата чија соба ја изнајми Ина Голубовиќ. Една од позабележителните улоги ја играше Данило Лазовиќ, како Шепан Чекиќ, кој поч-ина во 2006 година, а само две години подоцна Живојин Жика Миленковиќ, односно Тиосав Марјановиќ Гарац, таткото на Лола Голубовиќ.
Јавноста со недели тагуваше за Миленко Заблачански, кој поч ина во 2008 година, а три години подоцна Петар Краљ и Оливера Марковиќ ја напуштија актерската сцена. Познатата Ружица Сокиќ ја играше Велиборка Продановиќ, почина во 2013 година.
Актерот Душан Почек, кој го играше ликот на Илија Пандуровиќ, почина во 2014 година, а таа година почиnа и Никола Симиќ, кој го играше соседот Михајло Остојиќ. Во 2015 година, по долго и тешко боледување, почина Властимир Ѓуза Стојиљковиќ, попознат во серијата како Маринко Бидчиќ или Конте Марио Марко дел Тинторето, како и неговиот колега Селимир Тошиќ.
Во 2016 година почина Душан Голумбовски, кој го толкуваше ликот на Озрен Солдатовиќ, како и славниот актер Велимир Бата Живојиновиќ, кој го играше ликот на Аранѓел Голубовиќ во „Среќни луѓе“.
Во 2018 година, актерскиот свет остана без актерот Божидар Стошиќ, кој го толкуваше ликот на сопственикот на обложувалницата, Среќко Шљивиќ.
2019 година беше тешка година кога почи- наа дури тројца актери од култната серија, Зоран Ранкиќ, попознат како Жарко Попара, Михајло Миша Јанкетиќ, кој го играше ликот на режисерот Палигориќ и Марко Николиќ, кој беше Велимир Давидовиќ во серијата , или „Бата Шејн“.
Еден од главните ликови, Вукашин Голубовиќ, односно актерот Десимир Станојевиќ, почина во 2020 година на 69-годишна возраст. Оваа година, на 57-годишна возраст, поч ина актерката Славица Радуловиќ, која го играше ликот на келнерка во клубот.
Оваа серија народот постојано од ново и од ново ја гледа, а еден од симболите на ова остварување е и песната „Тополска 18“.
Пејачката и актерката Снежана Савиќ во една прилика открила кој живеел на „Тополска 18“ која е еден од симболите на серијата „Среќни луѓе“.
Песната ја изведува актерката Снежана Савиќ, а била напишана токму за оваа серија.
За кратко време оваа песна освои многумина, а сите ги интересира дали песната е засонавана на вистински случувања.