Новости
Драгана Мирковиќ се пофали како го украсила дворецот, а сите зборуваат за ова хит издание
Погледнете ја празничната магија во раскошниот дом на познатата пејачка
Празничната атмосфера во домот на Драгана Мирковиќ е една од најубавите што ќе ги видите кај балканските естрадни ѕвезди.
Пејачката ужива во празничната магија, а нејзините деца, Марко и Мануела и препуштаат да го украси домот бидејќи знаат колку ужива во тоа. И како што тоа го прават и сите останати, така и Драгана откако ја заврши работата реши со резултатот да се пофали преку социјалните мрежи.
И од фотографиите можеме да видиме дека пејачката својот дом го претворила во бајковита приказна која ќе го освои и Дедо Мраз.
„Децата на мене ми го препуштаат декорацијата бидејќи знаат дека сум заљубена во таквите работи. Навистина многу уживам во тоа. Најлесно е да земете професионален, но јас секогаш избирам да добијам воспаление на мускулите од украсување на толку висока елка. Се качувам на скали за да го украсам сето тоа, но тогаш сум боса. Не носам штикли“, изјави пејачката во една пригода, а од фотографиите што ги објави на Инстаграм можеме да видиме дека и оваа година уживала во украсувањето на својот раскошен дом во кој живее со семејството во Виена.
Но она што овој пат ги изненади сите е тоа што пејачката позираше во пижами и со црвен кармин на лицето.
Таа има испрати поздрав на сите што ја следат преку социјалните мрежи, а како изгледаше, погледнете во галеријата што следува.