Новости

Денеска е Летник празникот на новото лето: Еве што треба да направите, ова се обичаите

Празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината...

Денеска е Летник празник кој според народните верувања е почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи.

фото илустрација

Летник е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија.

Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во смисол на активниот работен период од годината. Празникот најчесто се празнува во Западна Македонија, односно во Галичник и Мијачијата, Голо Брдо, Пустец, Дебарско, Преспа, Охридско и Струшко.

фото илустрација

Според сведоштвата на луѓето празникот Летник започнувал да се празнува уште во раните утрински часови. Веднаш рано изутрината штом ќе се станело од спиење, луѓето гледале и барале да здогледаат некое пиле (птица) за според верувањето работата да биде лесна како птица преку целата година.

фото илустрација

Потоа погледнувале во своите џебови да имаат златна или сребрена пара за преку годината секогаш да имаат пари и успех (бериќет).

фото илустрација

Се излегувало во шумите и планините и од таму во домовите се носеле тукушто расцутени дренови гранки и кај куќното огниште и луѓето наизменично се фаќале за дреновата гранка и за синџир за преку годината да бидат здрави како дрен и цврсти и силни како железо, а потоа за здравје се каснувале пуполците од дренот. На Летник задолжително доколку се одело во посета на некоја куќа се носело гранка од дрен, а домаќините го гоштевале гостинот со ореви, варена пченка и благо.

фото илустрација

Извор Википедија

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close