Кафе муабет
Денес е еден од омилените турски актери а порано живеел во беда и сиромаштија: Тешката животна приказна на Халит Ергенч- актерот кој ја освои македонската публика прозборе за минатото
Халит е во брак со колешката Бергузар Корел...
Халит Ергенч важи за еден од најпознатите и најплатените турски глумци кој публиката во Македонија го запозна како Сулејман Величевствениот и Онур кој го глумеше во серијата „1001 ноќ“.
Халит глумеше во речиси сите турски серии а неговиот прв успех на регионалниот пазар беше во 2010 година со серијата „1001 ноќ“, каде го играше заводникот Онур и таа улога секако му го промени животот бидејќи тогаш ја запозна сегашната сопруга, Бергузар Корел со која има три деца.
Сепак како и повеќето славни личности, Халит немал бајковито детство. Го одбележала неговата помлада сестра Азад, која е родена со тешкотии во развојот, па неговите родители биле фокусирани на грижата за неа. Како што изјави Халит во едно интервју, неговата мајка речиси никогаш не излегувала од дома затоа што секогаш морала да биде со неговата сестра.
– Моите родители се разделија кога јас бев во основно училиште, а и пред разводот ситуацијата меѓу нив беше напната. После тоа, татко ми одвреме-навреме доаѓаше дома и уште тогаш чувствував потреба да избегам. Додека мајка ми мислеше дека возам велосипед, јас бегав во куќата на другата сестра Флорија, изјави Халит.
По завршувањето на средното училиште се запишал на студии за бродоградба, но во втора година сфатил дека уметноста е тоа што најмногу го интересира па решил да се испроба во глумата и музиката.
За време на студиите работел како програмер за да заработи џепарлак.
А заедно со музиката и глумата, Халит почна и да држи часови по танц.
-Кога ќе го погледнете мојот живот, се чини дека секој период во него живеела различна личност. Продавав билети, носев костим на робот и танцував на фестивали, рече тој во една прилика.
Извесно време живеел во САД, каде сонувал за театарска кариера, но сепак својата иднина не ја гледал таму..
– Додека бев во САД, прочитав книга за глумата во која на првата страница пишуваше – „седи дома, никој нема да те забележи“. Мислев дека проблемите се насекаде исти. Чекав улога во мјузиклот „Les Miserables“ и спиев на отворено два дена додека не ми рекоа: „Разбери веќе, не те сакаме“. Тогаш сфатив дека оваа работа зависи само од тоа колку добро ја работиш, рече тој.
Во тие моменти размислувал да се откаже од актерството и да се посвети на готвењето, но добил понуда да глуми во детски театар.
– Бев без скршена пара и ми требаа пари, а ми беше трагично да играм во детски театар. Кога го правевме Кралот Лав, често бев пијан на сцената. Мојата ситуација беше очајна, раскажа Халит.
Од Америка, Халит се врати во Турција, која на крајот му ги отвори хоризонтите и му го промени животот.
– Требаше да ја направиме турската адаптација на „West Side Story“. Кога дојдов во Истанбул, тие објавија дека проектот е откажан и ми рекоа дека го имаат мојот повратен билет за САД, но јас им реков да го задржат билетот за себе. Гледав во Босфорот и го почувствував благословот на Истанбул и не ми падна на памет да го напуштам, истакна актерот.
И после таа одлука се тргна по нагорна линија па денес тој може да се пофали како еден од омилените актери.
Доби улоги во реклами, па во серии, а потоа следуваше „1001 ноќ“. На снимањето на таа серија ја запознал сегашната сопруга Бергузар Корел, а освен љубов му се случила и слава. Благодарение на неговите волшебни сини очи, тој стана миленик на жените, а филмските критичари почнаа редовно да го фалат. Со улогата во „Сулејман Величествениот“ го потврди статусот, додека улогата на Ирфан во „Татковиот избор“ го етаблира за сите времиња.
Иако денес е во хармоничен брак, сепак медиумите постојано шпекулираа за неговиот љубовен живот а и често пати ги разведуваа со неговата сегашна сопруга Бергузар.
Медиумите го поврзуваа со секоја колешка, а наводно ситуацијата со Мерјем Узерли, која ја глумеше првата Хурем, била толку алармантна што и Бергузар на сетот дошла со љубоморни испади.
Неговиот брак со многу помлада колешка и денес е главна тема, а се започна во 2008 година, по заедничкото службено патување во Париз, кога ја остави сопругата, актерката Гизем Сојсалди, која тогаш беше бремена, поради фаталната црнка. Медиумите пишуваа дека решила да абортира поради ненадејниот развод.
Халит и Берѓузар се венчаа веднаш по завршувањето на серијата, а таа венчавка беше главна вест во Турција во 2009 година.