Кафе муабет

Пораки за мајките кои чекаат второ дете

Што да очекувате со второто дете?

Една мајка и блогерка своето прво дете го родила во 2010 година и сфатила дека никој не сака постојано да зборува за породување, бебиња и брзиот живот на родителите. Од тогаш интензивно пишува и дели свое искуство. Сара денес има две деца, а одлучила да напише писмо на својата пријателка која чека второ дете.

Какви се разликите помеѓу првото и второто исчекување? Кои прашања си ги поставува мајакта и какво е нејзиното искуство?

Второто бебе може да биде целосно поразлично од првото

Без оглед на тоа дали се работи за спиење, навики за јадење или однесување, пробајте да не размислувате за тоа какво ќе биде воторот дете и дали ќе се однесува како првото.

Она што го правивте со првото дете, можеби нема да ви успева со второто. Длабоко воздивнете и пробајте да заборавите како сте се однесувале со првото.

Ќе спиете помалку

Имате и големо дете за кое треба да се грижите, па ќе бидете прилично уморни некое време.

Првото дете можеби ќе ги зголеми своите барања

Кога ќе се роди второто бебе, вашето постаро дете би можело да ги зголеми своите барања. Се случува. Неговите потреби ќе ги почувствувате како поголеми затоа што ќе има повеќе емоции за да ви покаже што сака, отколку новороденчето.

За среќа, можете да го гушкате и додека го храните бебето. Може да направите да се чувствува како посебен голем човек, поради неговата помош и посебните знаења кои ги има како постар брат/сестра.

Ќе треба да се вооружите со дополнително трпение

Велат дека трпението е голема доблест. Тоа е вистина, но не е секогаш лесно. Кога се чувствувате како единствена жена која го носи целиот свој товар, тогаш ќе мора да воздивнете длабоко за да најдете трпение.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close