Дом и семејство

Два пати бил во затвор, спиел во автомобил, немал пари за да ги издржува децата: Тешката животна приказна на Бобан Рајовиќ ќе ве расплаче

Денес живее удобен живот...

Фолкерот Бобан Рајовиќ денес живее удобен живот но не било секогаш така. Имено тој признава дека се случувало да останат без пари па поради тоа работел во ресторани за брза храна. Потоа се испробал како таксист, а неговата музичка кариера започна ненадејно, поради низа околности.

ФОТО: Бобан Рајовиќ / Инстаграм

До 16-годишна возраст Бобан живеел во Данска, заедно со своите браќа. Иако како дете сакал да игра фудбал, во кој бил многу успешен, животот го одвел на сосема поинаков пат – музика и забава.

Кога во 1999 година решил да се занимава со музика, Бобан шест години работел како таксист во Копенхаген.

ФОТО: Бобан Рајовиќ / Инстаграм

Сонуваше еден ден да излезе на сцена, да пее и да биде популарен па почнал да се распрашува колку чини снимањето на албум и колку чинат песните во Белград.

Иако тоа било голема сума за него, тој сепак се осмели да се впушти во музичките води. Имаше многу подеми и падови, финансиски проблеми, но успеа да се снајде со се.

ФОТО: Бобан Рајовиќ / Инстаграм

Кога бил млад често спиел во автомобил бидејќи немал каде да спие. Тој рече дека секогаш се однесувал како да е „полн како брод“, но всушност многу се мачел финансиски.

фото инстаграм/Бобан Рајовиќ

Рајовиќ призна дека во еден период бил на работ на финансиска егзистенција.

„Имав многу тешки моменти. Мислам дека можеби клучна беше 2003 година. Тогаш најмногу ми се потресе семејството. Две мали ќерки, а синот имаше само две години… Додека бев во Белград, тие живееја во Данска. Секакви работи се случуваа на приватно ниво, останав без пари, имав огромни долгови и тој период од 2003 до 2007 година ми беше најтежок. После тоа ја снимив песната Усне боје вина и така почна се.

Во 2007 година постигна вртоглава популарност, а кога се зборува за најскапите песни на за пример се зема токму оваа.

фото инстаграм/Бобан Рајовиќ

Бобан често зборува за тешките времиња зад себе и не крие дека два пати бил зад решетки.

ФОТО: Бобан Рајовиќ / Инстаграм

“Имаше разни проблеми кај мене и тоа е некоја човечка карма. Имав тешки моменти, но сега кога сум позрел, не се срамам од ниту една секунда од мојот живот. Имав некои срамни лудории, па завршив зад  решетки еднаш или двапати, но и тоа е за луѓе. Многумина велат дека кој не бил во затвор, не направил нешто како што треба во животот. Иако, мојот престој во затвор беше нешто сосема безопасно и глупаво. Во секој случај, тоа ме направи помудар и посилен“, истакна Рајовиќ.

ФОТО: Бобан Рајовиќ / Инстаграм

„Што се однесува до мене, првиот пат бев во затвор поради затајување данок, а вториот за обид за уб.иство“, ги запрепасти Бобан сите во студиото во емисијата „Ами Џи“, а потоа додаде дека вистината била поинаква.

ФОТО: Бобан Рајовиќ / Инстаграм

„Кога си млад и одиш во уредна држава, не можеш туку така да ги игнорираш законите. Бев во затвор поради сообраќајни прекршоци. Во уредна држава одиш во затвор за неколку сообраќајни прекршоци, поминувајќи на црвено светл , и расправија со полицаецот што те сопрел. „Да бидам искрен, би сакал да одам во тој затвор за кој зборувам, барем еднаш годишно, бидејќи тоа е како да сум на одмор таму. Тоа е отворен затвор, можеш да си заминеш кога сакаш“, го објасни Рајовиќ своето младешко искуство со полицијата.

ФОТО: Бобан Рајовиќ / Инстаграм

„Ги воспитувам моите деца во сосема спротивна насока. Тоа беше моја брзоплетост и некои моменти во младоста. Сите мои три деца се далеку од тоа, тие се спортисти и не се враќаме на тие теми“, вели Рајовиќ, чии деца го избегнуваат јавниот свет.

ФОТО: Бобан Рајовиќ / Инстаграм

Неговата ќерка Ангела завршува факултет во Америка, Ивана во Данска, а синот Андрија игра фудбал и беше дел од Црвена ѕвезда.

ФОТО: Бобан Рајовиќ / Инстаграм
ФОТО: Бобан Рајовиќ / Инстаграм
фото инстаграм/Бобан Рајовиќ
фото инстаграм/Бобан Рајовиќ
ФОТО: Бобан Рајовиќ / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close