Кафе муабет
Дарко Лазиќ прозборе за Марина и Ана и откри во какви односи е со своите деца- ТИЕ СЕ МОЈА СВЕТА КРВ!
Иако на почетокот ја криеја својата врска, неодамна Лазиќ објави заедничка фотографија на својот Инстаграм профил...
Пејачот Дарко Лазиќ со месеци е во центарот на вниманието поради неговиот бурен љубовен живот, а неговата последна објава на социјалните мрежи предизвика лавина коментари.
Имено, Лазиќ ја раскина веридбата со Марина Гагиќ, со која го има синот Алексеј и влезе во врска со пејачката Барбара Бобак. Иако на почетокот ја криеја својата врска, неодамна Лазиќ објави заедничка фотографија на својот Инстаграм профил.
“Каков клошар си, сиромашни деца со таков татко”, “Сиромав, а таа е уште повеќе. Оди прегрнувај ги децата, не тие идиотки”, “Убави сте”, “Даре, нова убавица” – се само некои од коментарите што може да се најдат под објавата на пејачот.
Сега тој реши да се огласи и истакна дека всушност децата се најважното нешто за него.
Тој зборуваше за Ана Севиќ со која ја има ќерката Лорена и за Марина Гагиќ со која има син Алексеј, а во разговор за „Еспресо“ истакна дека неговото семејство е многу важно за него.
– Никогаш не би ги избегнал во животот, работам многу. Ана има свои обврски, Марина исто така, секогаш кога сум слободен го користам времето за да ги видам децата. Моето семејство е многу важно за мене, моите деца се мојата света крв – рече Дарко.
Во медиумите постојано се пишува за несогласувањата на поранешната на Дарко и Барбара кои постојано си упатуваат коментари една на друга.
Имено како што вели Барбара Бобак наводно Марина, поранешната на Дарко со која го има синот Алексеј е љубоморна на нивната врска.
– Кој по ѓаволите го боли повеќе за Марина? Зошто се меша во нашата врска кога воопшто не ја споменуваме и е тотално неважна за нас? Јас и Дарко уживаме, таа девојка е љубоморна на нас. Не обрнувам внимание на нејзините закани, таа ми е смешна. Секако, утре како сопруга на Дарко ќе бидам мајка на нејзиниот син, не знам што ја мачи? – истакна Бобак.
Имено капката што ја прелеа чашата беше кога Барбара изјави дека малиот Алексеј, синот на Марина и Дарко ја нарекува „мама“, поради што Гагиќ реши да ангажира адвокат и да се јави на суд.
– Марина полуде кога виде што зборува Барбара за неа. Не можеше да издржи, па му се јави на Дарко и му рече дека очекува да ја заштити како мајка на неговиот син и дека не смее да дозволи никој да ја прозива. Дарко и рече дека не знае за што се работи и дека дефинитивно ќе провери за што станува збор. Сепак, Барбара продолжи со провокации и тој не реагираше. Затоа Марина му испрати порака и рече дека го тужела и дека ќе реши сè за алиментација и старателство на суд. Таа доживеа нервен слом кога Барбара за медиумите изјави дека Алексеј ја вика мамо – вели изворот.
Како што неодамна пишуваше еден дневен весник, Марина се здружи со Ана Севиќ, поранешната сопруга на Лазиќ и молеше за помош затоа што наводно пејачот ниту го гледа нивниот син ниту дава пари за да ги издржува.
– Марина плачеше за време на разговорот со Севиќ. Пејачката и порача да не се грижи, бидејќи таа ќе и помогне со совет. Таа и објасни дека мора веднаш да повика адвокат и да го започне судскиот процес против Дарко. Марина ја праша за бројот на адвокатот што ја застапувал, бидејќи знае дека таа го добила на суд. Ана веднаш и го испратила бројот – вели добро информиран извор.
– Гагиќ не знаеше кому да се обрати, само Ана и падна на ум. Таа се пожали дека Дарко со месеци не го видел својот син Алексеј, дека тој не и одговарал на телефон и не испратил пари за нив – додаде споменатиот извор.