Кафе муабет
Дарко Лазиќ осуден на КАЗНА ЗАТВОР? Ја прекрши ОДЛУКАТА на судот! Се огласи и Барбара Бобак!
Вели дека не е вистина...
Во медиумите одекна веста дека пејачот Дарко Лазиќ е осуден на три месеци затвор и една година условна казна.
Како што се наведува, Дарко мора да ја почитува наредбата на судот и секој петти во месецот редовно да и плаќа алиментација на поранешната сопруга Ана Севиќ.
За ова тврдење проговори и свршеницата на Дарко, пејачката Барбара Бобак.
Ноторна лага“, кратко изјави Барбара Бобак, додека Дарко не се огласи на оваа тема.
Од друга страна, пејачката Ана Севиќ со која Дарко ја има ќерката Лорена, за медиумите ја потврди веста како точна.
Да потсетиме, Барбара неодамна зборуваше за тоа како Дарко целосно го променил животот.
“Дарко конечно реши да се грижи за своето здравје. Тој беше виновен, а резултатите му беа малку загрижувачки поради ноќниот живот. Сега мора да тренира, да се ослободи од токсините, да ја промени исхраната. Ултразвукот е во ред. Но по препорака на докторот мора да се грижи. Го промени начинот на живот поради здравјето, но полесно е да се каже дека тоа е поради Барбара. Многу сум силна и влијателна, што да правам“, изјави Барбара.
Инаку Дарко на неколку наврати зборуваше дека е премногу среќен што е со Барбара.
– Фала му на Бога, имам среќа во љубовта. Барбара е прекрасна девојка, ние сме во ист бизнис, ние сме заљубени – рече тој во гостувањето во Амиџи Шоу.
– Сакам кога сакам некого. Тоа е тоа, никогаш повеќе нема да има друга- додаде Лазиќ.
Во еден сегмент од шоуто, водителот го праша Дарко која жена ја сака најмногу во животот.
– Па, еве онаа со која сум сега, Барбара. Тоа е тоа дефинитивно, ги сакав сите со кои бев, и Ана и Марина, не можам да кажам дека не, но во моментов е вака и така ќе остане – открива Лазиќ во емисијата „Амиџи шоу“.
За потсетување, Дарко и Барбара Бобак започнаа врска само неколку месец откако тој се раздели од својата вереница Марина Гагиќ.
Тие планираат и голема свадба годинава која како што посочи пејачот ќе трае три дена…