Дом и семејство
Дара Бубамара искрено за пропаднатиот брак: Не знам зошто се разведов од Милан кога функционираме одлично!
Ги прилагодува обврските според семејството...
Популарната пејачка Дара Бубамара често пати истакнува дека се труди нејзиниот приватен живот да не трпи поради работата .
Имено Дара долги години е на музичката сцена а пејачката наоѓа сила да го работи само она што го сака и многу вложува во себе.
Мотото на популарната ѕвезда е: или работиш во целост, или не. Минатата година доживеа трагедија поради смртта на нејзиниот татко, но најде начин како да преброди се и да продолжи понатаму со поддршката на нејзиниот поранешен сопруг Милан Кесиќ.
Дара вели дека ги следи новите трендови но дека сепак се труди да остане своја и препознатлива.
– Ги знам трендовите, но повторно се трудам да не скршнам од патот и да останам во мојот стил. Секогаш имам планови, знам што ќе правам во следните месеци. Јас сум многу амбициозна. Покрај тоа, имам и мал син, кој има 13 години и свесна сум што сакаат младите. Немаше да бидам популарна толку долго ако не работев на себе.
– Коста е мојот најголем успех во животот. Веќе две години оди во англиско училиште во Белград, зборува англиски, француски и шпански. Го сакам тоа што има српски и француски пасош. Јас сум многу добро организирана кога е мојот син во прашање. Бевме во Турција покрај море, па тој со татко му отиде во Црна Гора, а се сретнавме во Бања Лука, од каде што замина во Босанско Грахово. Таму живееле неговите баба и дедо. Мојот Милан има големо семејство, па Коста е сега со нив, ужива.
– Јас и Милан функционираме многу добро, 99 проценти од браковите не функционираат толку добро како ние двајца, иако не сме во брак. Тој е мојот најдобар пријател, а јас сум негов. Не знам ни зошто се разведовме кога живееме толку добро. Неговите родители ме обожаваа, како и моите него. Минатата година имавме трагедии. Татко ми почина, а исто така починаа таткото и мајката на Милан. Сепак, бевме заедно во таа болка. Ние живееме за семејството, тоа ни е се. Јас правам планови според нив.
За синот вели дека е многу скромен иако добива се.
– Порасна во убаво, добро и воспитно момче, кое не е арогантно, туку скромно. Нема кој да го разгалува. Добар ученик е, оди на тренинг… Често велам дека повеќе тренира од Роналдо во свое време, ха-ха. Оди на ватерполо, атлетика, има спортски дух. Често ми вели: „Мамо, сакам да успеам поради тебе и тато!“ Тој сака да стане познат фудбалер.
– Го воспитувам на начинот на кој ме воспитуваа татко ми и мајка ми. Бев принцеза на татко ми, тој никогаш не го крена гласот на мене. И јас сум таков тип – ако ти си добар со мене, јас сум уште подобра со тебе. Јас сум му како пријател, многу зборуваме, доста е зрел. Милан е малку построг, но тоа ми се допаѓа, нека биде некој авторитет.
– Коста е дете кое не бара ништо. И има се. Му го купивме најдобриот компјутер во регионот, а тој вели: „О, мамо, не беше потребно“. Сами му купуваме, мислејќи дека му треба. Но тој не сакаше нов телефон, беше среќен со тој што го имаше. Често се расправаме. Се заканува дека ќе го подари тоа што ќе му го купиме без негова желба, открива Дара.