Кафе муабет

Данијела Мартиновиќ проговори за тешкиот период и испрати порака до сите жени- ова ќе ви го скрши срцето

Раскажа за времето помнато со своите прјателки...

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ на својот Фејсбук профил сподели искрена и трогателна приказна. Таа доби многу пораки за поддршка во коментарите под објавата.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Таа пред неколку дена по повод Денот на жената ги замоли своите придружнички да и напишат зошто се среќни што се жени, а по низата одговори кои и ги испратија на својот Фејсбук, таа реши да сподели трогателна приказна за време на карантините и објасни зошто пријателството е исклучително важно.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Драги девојки, драги жени. Добив безброј ваши пораки во кои ми опишавте зошто сте среќни што сте жени и ме трогнавте многу, многу… Затоа треба да ви раскажам една приказна – започна Данијела.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– На почетокот на заклучувањето и сиот страв со кој сите се соочувавме, моите пријателки Ана, Дорис, Бригита, Нела и јас решивме да се дружиме секој петок во 21 часот преку видео повик со намера да се утешиме, поддржиме, охрабруваме и инспирираме едни со други. На една наша дружба темата беше секоја од нас да и каже на друга кој е квалитетот што, според нас, ја прави посебна – објасни таа.

фото Инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Имаше прекрасни описи, искрени, сигурни, храбри, топли, духовити… и ни беше многу лесно, но потоа дојде малку поголем предизвик, а тоа беше секој од нас да каже каков квалитет поседува. И тука настана проблемот – напишала Данијела.

фото инстаграм/Даниела Мартиновиќ

„Никој од нив не можеше да каже убав збор за себе. Тргнавме да се охрабруваме и на крајот успеавме. Вешто ги водев охрабрувајќи ги да станат свесни за нивните убави квалитети, а потоа дојдов јас на ред и настана тишина… Не знаев што да кажам. Ги гледав на екранот нивните лица како ме бодрат и потоа успеав да изговорам … Среќна сум затоа што цел живот нуркам низ животот! – откри пејачката и рече:

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Многу поприродно е да се лутиме на себе, да бараме од себе, да се осудуваме но да се фалиме, беше многу потешко, речиси невозможно. Им благодарам на моите прекрасни Пријатели, благодарам на сите драги Жени кои беа и се моја инспирација на патот на мојот живот. Ви благодарам што сте толку храбри и смели да најдете убав збор за себе и да го споделите… Вие сте мојата инспирација-се заблагодари Мартиновиќ и воодушеви многумина.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Придружниците на Данијела се поистоветија со нејзината искрена и трогателна приказна, а тоа и го покажаа во коментарите.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

„Прекрасна приказна и вистинита, пријателите се непроценливи… паметна и силна жена може да го допре небото а кога има лојални пријатели, тогаш целиот свет“, „Ти си прекрасна…  „Дани, ти си најискрената работа во овој луд свет, Господ да те благослови се само дел од коментарите под објавата на Данијела.

За потсетување, Данијела пред извесно време ја раскина децениската врска со Петар Грашо а тоа многу ја изненади јавноста. Меѓутоа поголемо изненадување беше тоа што Грашо сега има нова девојка и очекува дете со Хана Хулиќ, ќерката на Тончи Хулиќ.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
Фото: Мarko Prpic/PIXSELL

Данијела и Грашо сите години додека беа заедно успешно ја криеа врската од очите на јавноста.

фото инстаграм/Данијла Мартновиќ
фото инстаграм/Даниела Мартиновиќ

– Слободен избор е тоа што не сакаме да зборуваме за нашата врска, остануваме на тоа уште од самиот почеток. И двајцата имаме кариери и не сакаме да одговараме на такви прашања.Порано ми пречеше, но сега не ми пречи прашањето кога и јас и Грашо ќе се земеме. Исто така,тоа го слушав четири илјади пати на ден. Всушност, работата е многу едноставна, ние нема да се венчаме и тоа е нашата конечна одлука. Самата помисла на тоа создава клаустрофобија, сè друго е убаво и бесплатно,истакна пејачката во една прилика.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Инаку веста дека Хана и Петар ќе станат родители ја потврди и самата Хана откако почнаа да кружат гласини за породувањето.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

„Информациите се точни, среќни сме и возбудени, но ништо друго не би коментирала, би сакала некои работи да останат наша приватност“, изјави Хана за Јутарњи лист, наведувајќи дека е бремена околу 12 недели.

фото инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Хана Хулиќ
Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close