Дом и семејство

Даниел Кајмаковски ќе стане татко по втор пат: Пејачот го откри и полот на бебето- честитки пристигнуваат од сите страни

Сподели убави вести...

На почетокот на оваа година, пејачот Даниел Кајмаковски ја изненади јавноста кога на Инстаграм објави фотографија со својата вереница на која напиша ,,Штотуку венчани’’ и откри дека по вторпат стапи во брак.

фото принтскрин/инстаграм

Тој минатата година за прв пат на јавноста и’ откри дека има нова љубов, за веднаш потоа да почне да објавува фотографии со убавицата – која е негова нова избраница.

фото принтскрин/инстаграм

Даниел сега сподели убави вести со своите следбеници и откри дека ќе стане татко по втор пат.

фото принтскрин/инстаграм

Кога љубовта се претвора во живот, среќата добива едно име… Те чекаме наше малечко момче, напиша Даниел во објавата од фотографијата која ја сподели а на која е неговата избраничка со трудничко стомаче.

фото принтскрин/инстаграм

Може да се забележи дека таа е во поодмината бременост.

фото инстаграм/ Даниел Кајмакоски

За својата сакана, тој неодамна на Инстаграм напиша „Ти си сѐ она што некогаш сум го барал. Ти благодарам што ме туркаш кон тоа да ги остварам сопствените соништа секој ден“.

фото инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Да потсетиме, Даниел неколку години беше во брак со манекенката и пејачка, Кристина Димитриевска. Плод на нивната љубов е нивниот син Давид.

фото инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Даниел Кајмакоски јавноста го запозна во музичкиот натпревар Икс фактор во 2014 година каде беше победник, по што започна да ја гради својата кариера.


Тој по оваа победа одржа неколку концерти во целиот регион, снимаше неколку песни од кои позначајна му е онаа што ја направи во дует со Жељко Јоксимовиќ кој му беше ментор за време на самото натпреварување во шоуто, а една година подоцна ја престави нашата земја на Евросонг.

фото инстаграм/ Даниел Кајмакоски
фото инстаграм/ Даниел Кајмакоски
фото инстаграм/ Даниел Кајмакоски
фото инстаграм/ Даниел Кајмакоски
фото инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close