Кафе муабет

Гудељ го нема ни на повидок, сега се е јасно: Анастасија сама стигна на слава кај Цеца, сподели видео и откри се

Се славеше во вилата...

Семејството Ражнатовиќ вчера ja прослави славата Свети Никола, а во вилата на Дедиње се собраа нивните најблиски роднини и пријатели.

фото принтскрин

Цеца оваа година не се појавила пред вилата да одговара на новинарски прашања, а меѓу првите гости пристигнала нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ, но на општо изненадување не била придружувана од нејзиното момче Немања Гудељ. Младата пејачка се потрудила максимално да ги избегне фоторепортерите, а веднаш по излегувањето од автомобилот влетала во вилата на Дедиње.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Долго време во медиумите се шпекулираше дека дошло до раздор меѓу Оливера и Вања од една страна и Анастасија од друга, откако мајката и сестрата на Гудељ ја отследиле неговата девојка од Инстаграм и самиот факт што не се појавиле кај нивната снаа на слава покажува дека тврдењата се вистинити.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Да потсетиме, изворите тврдеа дека до кавгата дошло затоа што Оливера премногу сакала да се меша во животот на нејзиниот син, но сепак главните актери на оваа приказна до сега не се огласија.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Пејачката сакала да се помири и покажала добра волја, но мајката на Немања не сакала ни да слушне за тоа.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– На Немања не му е лесно. Растргнат е на две страни. Од една страна го сака семејството, а од друга девојката. Никој не сакаше да се случи овој конфликт, но еве. Анастасија навистина покажала интерес да го реши проблемот и да врати се како што беше на почетокот, но семејството на Гудељ, поточно мајката , не покажа добра волја. Ќе видиме што ќе биде во иднина, двајцата сега се во Шпанија, функционираат одлично и се обидуваат да се фокусираат на нивниот однос и обврските што ги има кон спортот – вели извор за српски Курир.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Изворите тврдат дека до кавгата дошло затоа што Оливера сакала премногу да се меша во животот на нејзиниот син, а нејзината ќерка ја поддржувала во тоа, додека другиот син Драги останал неутрален.
Анастасија не дозволувала никој да им се меша во плановите, што ги изнервирало Оливера и Вања бидејќи токму тие одлучувале каде семејството Гудељ ќе го поминува слободното време.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Дека пердуви навистина летаа се потврди и во Катар, кога Вања и Оливера ја избегнуваа Ражнатовиќ, па дури и седеа на различни страни од стадионот за време на натпреварите. Таму не се ни сретнале, а добро упатени извори тврдат дека Оливера и Вања не сакале да ја видат идната снаа. Тие инсистираа да им бидат одвоени билетите. Анастасија пред некој ден се огласи на Инстаграм, тврдејќи дека се е невистина. Таа се обидува да ги смири страстите и да не ја продлабочува приказната понатаму.

фото инстаграм/Оливера Гудељ

Богдана блесна во бел фустан и го покажа трудничкиот стомак

Најблиските членови на семејството Ражнатовиќ се собраа во вилата на Дедиње да ги пречекаат гостите во празнично расположение, а посебно внимание привлече бремената Богдана Ражнатовиќ, убавата снаа на Цеца.

фото принтскрин

Имено, Анастасија на својот профил на „Инстаграм“ сподели дел од атмосферата од семејниот дом, а се пофали и со совршениот однос со својата снаа .

фото принтскрин

Имајќи предвид дека секогаш е во тип топ форма, многумина се запрашаа како изгледа бремената Богдана Ражнатовиќ, дали се здебелила некој килограм и како се чувствува, а судејќи по фотографиите, би можело да се рече дека таа ужива во бременоста.

фото принтскрин

Облечена во бело и со широка насмевка на лицето блесна во полн сјај, а за својот изглед собра многу комплименти.

Многумина коментираа дека Вељко ја држи како капка вода на дланка и дека со нетрпение чекаат повторно да станат родители.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close