Кафе муабет

Гоца Тржан откри што побарала од Раша за 10 години БРАК- не е ни малку скромна, мора да го обезбети тоа како знае и умее!

Ова е нејзина голема желба...

Во Белград синоќа се одржа концерт на Андреja Бочели, еден од најпознатите тенори на денешницата.

фото Јелена Томашевиќ/Инстаграм

Специјален гостин на концертот беше пејачката Јелена Томашевиќ.

фото Јелена Томашевиќ/Инстаграм

На овој настан присуствуваа многу познати личности, а меѓу нив беше и пејачката Гоца Тржан, која на концертот дојде без сопругот Радомир Новаковиќ Раша, бидејќи, како што вели, тој со семејството заминал на село.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

-Дојдов со другарка ми, на крајот на краиштата, ова е вечер за девојки, после тоа ќе си идеме автостоп ако не најдеме такси.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

Гоца откри и каков необичен подарок побарала од својот сопруг Раша за 10 години брак.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Би сакала да го вкрстам гласот со Дејв Грол, тој е брутален фраер и ја сакам неговата музика. Слушам и уметничка музика, затоа дојдов на концертот на Бочели. Го задолжив сопругот да ми обезбеди билети за концертот на Јонас Кауфман, кој моментално е еден од најбараните оперски пејачи, за 10 години брак, му реков дека мора да го направи како знае и умее – изјави пејачката.

фото инстаграм/ гоца тржан

Како што е веќе познато во јавноста Гоца Тржан и нејзиниот избраник Радомир Новаковиќ со години се борат за потомство, а бидејќи оваа желба се покажа тешко остварлива, често тема е разводот на Гоца и Раша.

фото инстаграм/ гоца тржан

Разликата во години е и причина за овие шпекулации, но Гоца и Раша успешно се спротивставуваат на искушенијата и повторно докажуваат дека нивната љубов е посилна од се.

фото инстаграм/ гоца тржан

Успехот на ин витро оплодување им е примарна цел и не се откажуваат од големата борба.

фото инстаграм/ гоца тржан

Овој хармоничен пар не се навраќа на негативните коментари, а како што тврди пејачката разликата во години не може да им наштети на нивната врска:

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Не ми е гајле за другите луѓе и предрасудите. Луѓето кои ме познаваат мене и Раша знаат колку сме компактни и колку добро функционираме. Животот е премногу краток за да го живеам во страв од иднината… Сакам да го живеам мојот живот во потполност, бидејќи нема иднина, нема минато, постои само овој момент што го живееме сега – изјави Гоца во една прилика и додаде:

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Ги живеам најубавите години од мојот живот, дури и да мислев во тој момент кога се сретнавме јас и Раша и да речев: „Еден ден ќе ја видиш таа разлика“, немаше да ги имам овие најубави 11 години во мојот живот. Дефинитивно ќе ја видите разликата, не ни кријам… Се шегуваме со тоа. Во суштина, ние неизмерно се сакаме и почитуваме, нашата врска и брак не се засноваат само на физичка привлечност. Еден ден ако сака да биде со помлада и поубава жена, не можам и нема да го задржам, бесмислено е, бидејќи и јас на 60 ќе му бидам пиленце на некој 80 годишен чичко, рече Гоца.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close