Кафе муабет

Гоца Тржан искрено за депресијата и психичките проблеми: Го молам Раша да биде дома со мене, не сакам да излегувам со друштво!

Често пати знае да се повлече во себе...

Додека голем дел од нејзините колешки откако станаа ѕвезди се вообразија,  Гоца Тржан откри колку е важна скромноста. Пејачката отворено проговори за депресијата, како и за неуспесите кои ги доживеала во животот.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Јас сум човек како сите други и имам дилеми и проблеми во животот како и секој човек. Единствената разлика е што за моите проблеми повеќе се зборува затоа што сум јавна личност, но моите проблеми често се повеќе банализирани, токму поради тоа. Инаку, многу сум емотивна и имам моменти кога целосно паѓам, се вовлекувам во кревет и не станувам.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

-Често го молам маж ми да биде затворен со мене дома, да не излегуваме и да не бидеме во друштво со други луѓе затоа што тогаш не сум најдобро. Не уживам кога ми се случува тоа, секој има подеми и падови, се поминува и во тие моменти само чекам да помине, објасни пејачката.

фото инстаграм/ гоца тржан

Таа никогаш не ја искористи големата слава што ја стекна, но секогаш се трудеше да ги зачува вредностите како што се скромноста и приземноста што ги стекна како мало девојче во нејзиниот семеен дом.

фото инстаграм/ гоца тржан

– Се што имам во животот сама заработив и заслужив, ништо не ми беше дадено. Јас сум приземна, би ми било срам некогаш и да поминам преку ред во продавница, верувајте, истакна таа.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

Таа е исклучително горда на своето скромно, но среќно детство и никогаш не била една од оние кои се срамат да зборуваат за својот живот пред популарноста.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Во средно училиште продавав сладолед на Булевар. Заработив многу пари. Но, денес тоа е прекрасен спомен за мене. Сакав да работам дури и на бензинската пумпа, да ги мијам прозорците, откри неодамна Гоца.

фото инстаграм/ гоца тржан

Инаку познато е дека Гоца веќе со години се обидува да роди второ дете. Како што неодамна се пишуваше во медиумите наводно пејачката и нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ донеле одлука да посвојат и усреќат дете.

фото инстаграм/ гоца тржан

„Гоца беше многу тажна кога доби негативен резултат, сепак, не се откажува, таа е голем борец и не сака да бега, а најголемата поддршка ја има од сопругот Раша. Иако по петти пат беше на ин-витро веројатно ќе се обиде повторно. Сепак, разговарале и решиле дека ако наскоро не успеат да се остварат како родители, ќе започнат со процесот на посвојување. Таа сакала да посвои момче“, изјавил извор за Стар.

фото инстаграм/ гоца тржан
фото инстаграм/ гоца тржан
фото инстаграм/ гоца тржан

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close