Кафе муабет
Голема прослава во семејството на Лепа Брена: Пејачката веднаш се огласи на Инстаграм- честитки пристигнуваа од сите страни
Се ожени внукот...
Родениот брат на пејачката Лепа Брена, Фарук Јахиќ, вчера го женеше својот син Един, кој го кажа судбоносното „да“ на својата долгогодишна избраничка Маја.
Овој настан го собра целото семејство по долги години, со оглед на тоа што Брена и Фарук живеат во Белград, додека нивната сестра Фара живее во странство.
Брена заедно со нејзината сестра Фара и нејзината ќерка Мајда отишле во ресторанот каде се одржува венчавката, а трите плавуши го овековечиле тој момент со серија селфиња на кои не можеле да ја тргнат насмевката од лицето.
И додека пејачката за венчавката избра бел костум кој одлично и стои, нејзината сестра се одлучи за долг виолетов фустан во кој блескаше.
Веднаш по пристигнувањето во ресторанот, Брена на Инстаграм објави видео од првиот танц на младенците, што предизвика лавина коментари кај нејзините фанови.
Судејќи по него, Един и Маја навистина уживаа во својот најубав ден.
View this post on Instagram
По тој повод се собрало целото семејство Јахиќ, меѓу кои Лепа Брена, нејзиниот брат Фарух и нивната сестра Фара со нивните потомци.
Јахиќи не се експонирани во јавност, но овој пат нивната средба ја овековечија со фотографија, која пејачката ја сподели на својот Инстаграм профил, а во описот напиша што е заедничко на сите.
View this post on Instagram
– Што е генетика? Никој не е висок под 178 см. Сите сме тука, чувари на минатото и владетели на сегашноста – напиша таа.
View this post on Instagram
Малкумина знаат дека и постариот брат на Брена е талентиран за музика. Тој дури се има појавено и во шоуто „Никогаш не е доцна“. Со музика се занимава со децении, свирејќи хармоника во бендот „Машак Миша“.
„Мојот брат Фарук Јахиќ како учесник“, напиша своевремено балканската дива под фотографијата што ја објави на Инстаграм, а на која што е со нејзиниот брат.
Кога Фарук се појави во Никогаш не е доцна, Жика Јак[иќ откри дека заради неговата сестра го викале Лепи Бранко, а кога ја отпеа „Одисеја“ сите останаа без зборови.
Лепа Брена ја искористи приликата да каже како станала пејачка, но и кој е главниот виновник што нејзиниот брат не изградил кариера.
„Прво пееше нашата сестра Факита, па Фарук, па дури тога[ јас. Јас почнав да пеам бидејќи немав пари на факултет за да се издржувам, за да можам да студирам, но кај мене тоа се случи со голема брзина и професионално. Јас ќе кажам кој беше виновен, а виновна сум многу повеќе јас отколку тој“, беше тогаш потполно искрена познатата пејачка.
Брена во една прилика истакна дека поради преголемата оддалеченост, не се гледа со својата сестра онолку често колку што би сакала.