Кафе муабет

Лејла од „Кога лисјата паѓаат“: Улогите ме научија да бидам силна- Беше во брак и го изневеруваше сопругот со неговиот татко, се омажи втор пат а еве како изгледа денес

Со актерството се занимава од дете...

Многумина ја паметат Ѓокче Бахадир (41) која преку ноќ стана една од најпопуларните турски филмски и телевизиски актерки.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

Таа се прослави со улогата на Лејла Текин во серијата „Кога лисјата паѓаат“.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

Со глума започнала да се занимава многу млада а за серијата „Кога лисјата паѓаат“ вели дека и помогнала за нејзиниот актерски развој.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

– Почнав да се занимавам со глума на млада возраст и тоа беше мојата предност. Имав можност да видам како се развиваше ТВ серијата, но и да го следам нејзиниот развој низ годините. Се развивав со секоја нова серија во која глумев. Можам да кажам дека првата серија во која глумев беше моето актерско детство. Следниот чекор беше улогата во серијата „Кога лисјата паѓаат“ и тоа овозможи да продолжам со мојот актерски развој. Тогаш станав свесна за важноста на дисциплината, истрајноста и сфатив дека мора сериозно да пристапам кон работата што ја работам. Потоа следуваше улога во серијата „Изгубен град“, која ми овозможи да продолжам да се развивам, бидејќи играв сосема поинаков лик од оној во серијата „Кога лисјата паѓаат“. После таа улога сите го сменија мислењето за мене. Во серијата „Одмазда на штикли“ достигнав зрелост и забележав дека се променив. Серијата „Ноќен клуб“ беше еден вид пресвртница. Научив многу во таа серија. Тоа беше одлично искуство. Се чини како одамна да тргнав на патување кое никогаш нема да заврши.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

– Да бидам искрена, за актерството почнав да се интересирам уште во детството. Во тоа време не се прикажуваа многу серии. Сепак, тие што беа прикажани беа добри и ги следев со интерес. Првата на која се сеќавам сега е серијата „Супер тато“.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

Вели дека себеси би се опишала како истрајна и силна личност а за да стане таква секако и помогнале улогите кои ги играла.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

– Се прашувам дали добив такви улоги затоа што и самата сум силна или станав силна играјќи такви улоги. Во животот, работите понекогаш не одат онака како што сме замислиле. Сепак, ние секогаш имаме способност да влијаеме на исходот. Токму тоа го правам. Во моментот кога сме соочени со тешка ситуација, понекогаш е убаво да застанеме и да се одмориме за момент, а потоа повторно да се соочиме со таа ситуација. Она што не нè убива нè прави посилни. Во животот има добри и лоши денови. Едноставно тоа е така. Важно е да не попуштаме и да си го направиме животот поднослив.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

Ѓокче Бахидир на крајот на февруари го кажа судбоносното „да“ на својот избраник, музичарот Емир Ерсој.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

Свадбената церемонија, на која присуствуваа нивните многубројни пријатели и роднини, се одржа во Алачати, кој се наоѓа во близина на Измир.

Емир Ерсој е познат турски музичар кој има работено со многу познати музички имиња во Турција како што се Таркан, Бенгу, Бурџу Гунеш, Ѓулсен, Керемџем, Тугба Озер и многу други.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

Инаку, ова е втор брак на убавата актерка. Гокче пред 11 години беше во брак со актерот Али Сунал, а нивната брачна среќа не траеше долго. Само седум месеци откако го кажа судбоносното „да“, актерката им се довери на своите блиски пријатели дека не е среќна со Али. Извори блиски до актерката тврдат дека нивниот брак се распаднал затоа што Али ја фатил сопругата како го изневерува со неговиот татко Кемал Сунал, кој починал неколку години подоцна.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close