Брак
„Го фатив сопругот како со мојата помлада сестра гледа филм на каучот во пет наутро“
Несигурноста е една од најчестите причини зошто некој кој е во врска со друго лице е љубоморен
Една 39-годишна жена откако се разбудила во раните утрински часови, го затекнала својот маж како во дневната соба гледа филм со нејзината сестра. Според неа тоа било крајно неодговорно од нивна страна и реагирала бурно на целата ситуација.
Несигурноста е една од најчестите причини зошто некој кој е во врска со друго лице е љубоморен. Истото и се случило и на 39-годишна жена која оваа ситуација со нејзиниот сопруг и нејзината помлада сестра ја доживеала како нешто што не требало воопшто да се случи.
Познатиот терапевт, Деидра, на порталот на магазинот „The Sun“ појасни дека жената ја погодила ситуацијата кога таа и нејзиниот сопруг, на забава што ја организирале дома, една саботна вечер, ја повикале нејзината сестра и уште неколку заеднички пријатели.
По забавата, откако екипата се разделила, нејзината три години помлада сестра ја замолила да остане и да преспие на каучот во дневната соба. Брачните другари отишле да спијат во спалната соба.
Но кога се разбудила во раните утрински часови, жената го затекнала својот сопруг и сестра во дневната соба како седат на троседот и гледаат филм на телевизија. Таа сметала дека тоа не е во ред и бурно реагирала на ситуацијата.
Жената потоа побарала совет од експерт дали нејзината реакција е претерана имајќи ја во предвид целата ситуација.
Терапевтката Деидре најпрво ја прашала дали има чувство на несигурност и дали е љубоморна на својата сестра бидејќи не гледа причина тоа што гледале филм да биде било каков проблем, ако станува збор само за тоа.
Што мислите вие?