Бебе

Го совладаа емоции: Ова слатко бебенце за првпат го слушна гласот на неговата мајка, со помош на слушно помагало

Ова е моментот кога двемесечно бебе првпат го слушна гласот на неговите родители по инсталирањето на слушно помагало

Ова е моментот кога двемесечно бебе првпат го слушна гласот на неговите родители по инсталирањето на слушно помагало!

На видеото се гледа како малиот Џозеф го слуша гласот на неговата мајка како го повикува, и тој станува збунет и плаче пред да се насмее малку и повторно пука во солзи.

– Тоа беше многу посебен момент и за Џозеф и за нас. Џозеф имаше многу слаби оценки при раѓање, а по неколку тестови му беше дијагностицирана умерена до тешка сензорно-нервна билатерална глувост. Кога прв пат слушна, со помош на камерата, неговата прва реакција беше плачење, меѓутоа, по неколку дена тој започна да реагира на звукот со насмевка – изјави Били-Џин, ​​мајката на Џозеф.

 

Милена од Врање ја победи короната и на свет донесе здраво машко бебе со антитела на вирусот

Милена Јованчиќ од Врање која има 29 години на почетокот на јули дознала дека е позитивна на ковид-19. На петти август роди машко дете на кое при раѓањето му е констатирано дека има имунитет на вирусот.

– На почетокот на јули имав ковид-19, а веќе на 5 август го родив Лазар, кој има антитела на коронавирус. Среќна сум што се убаво се заврши и што моето бебе, преку мојата плацента стекна имунитет на корона, ја почнува својата исповед младата девојка ов Врање.

– Длабоко во срцето се надевав дека моето дете ќе се роди со имунитет на новиот вирус, вели Милена која откако ја победи короната роди здраво дете, кое веднаш по раѓањето е тестирано и било негативно на коронавирус, но се утврдило дека има ИгГ антитела, кои покажуваат дека веќе го прележало вирусот.

– Некако цело време ме одржуваше мислата, ако треба да имам корона, помало зло би било да ја добијам додека сум трудна, отколку кога ќе се породам. Бебето, кога ќе се роди, нема никаков имунитет и би била подложна на разни инфекции, а секако и на ваков вирус, кој се уште е нов и релативно непознат.

Завршив фармација и знам некои основни работи кои се однесуваат на имунитетот, така што очекував дека бебето преку плацентата ќе го стекне тој имунитет на коронавирус и со него ќе дојде на свет. И ете, се добро се заврши, Лазар има антитела на корона, вели Милена.

Таа напомена дека покрај сето тоа, нејзината болест и бременоста имала позитивен став.

– Не се плашев. За време на целата бременост го работев она што ми го наложуваше интуицијата – витамини, многу овошје, многу сон и не премногу гужва. Сепак, короната дојде во нашето семејство, претпоставуваме дека сопругот ја доби на работа.

Сега многу посигурно се чувствувам и чекам да излезам од болница. Некако се надевам дека тие антитела на коронавирусот, кои ги има Лазар, ќе потраат подолго. Всушност, верувам дека со неговата корона ќе биде како со сипаниците, кога еднаш ќе ги прележиш, не можеш повторно, заштитен си цел живот, вели низ насмевка Милена.

Сопругот Марко Јовиќ (32) како и четиригодишната ќеркичка Софија нестрпливо го чекаат доаѓањето на Лазар и Милена дома:

– Сега, кога знам дека се е во ред, нема посреќен човек од мене. Поради ковидот го загубив само сетилото за мирис, а Милена немаше никакви симптоми и бевме опуштени. Но не долго. Вистинската агонија за мене почна на 10-15 дена пред породувањето на Милена, бидејќи во Ниш поради ковид животот го загуби една, а потоа и уште една бремена жена.

Навистина бев исплашен. Но, благодарам на Бога, се добро се заврши. Едвај ги чекаме да пристигнат дома и да се чуваме, Софија нестрпливо го очекува братот, вели Марко кој планира и за ќерката да направи тест за антитела.

-Бидејќи сопругот беше позитивен на почетокот на јули, а јас влегував во деветиот месец од бременоста, сама решив да направам ПЦР тест, зошто знаев дека породувањето може да почне секоја минута и дека можам да одам во болница, а не сакав некому таму да му пренесам коронавирус, евентуално ако ја имам. Се покажа дека сум позитивна. Сепак, до породувањето веќе имав два негативни теста, и се добро се заврши, вели Милена.

Милена роди здраво машко дете, по природен пат, тежок 4.070 грама, а долг 55 см. Бебето најверојатно ги наследило антителата од мајката.

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close