Кафе муабет
Ги собра сите погледи: Водителката се појави во јавноста прв пат по породувањето- сите коментираат за ова!
Ја доведе линијата во совршенство...
Појавата на познатата актерка и водителка Маријана Миќиќ ги воодушеви присутните на премиерата на филмот „Лето кога научив да летам“.
Појавата на Маријана Миќиќ ја остави без здив присутната публика бидејќи актерката која пред нешто повеќе од два месеци ја роди ќерката Ана, по породувањето првпат се појави во јавноста.
Сите заклучија дека Маријана го доведе својот изглед до совршенство и си ја врати линијата која ја имаше пред породувањето.
Покрај одличниот изглед, Маријана не ја симна насмевката од лицето, па јасно е дека одлично се снаоѓа во улогата на мајка и дека ова искуство и е најубавото искуство во животот.
Инаку Маријана и нејзиниот избранк Милош Марјановиќ решја на нивната наследнчка да и го дадат името Ана.
Оттогаш, секој чекор на Миќиќ и Милош Марјановиќ се следи со надеж дека јавноста ќе добие увид во нивната семејна идила.
Имено неодамна водителката објави фотографија од својата наследничка и нејзиниот сопруг, а со неа ги разнежни фановите.
На фотографијата се гледа нејзиното бебе како лежи на градите на нејзиниот татко.
Иако во иднина сигурно ќе се труди максимално да ја зачува семејната приватност, таа едноставно не можеше да одолее, па сепак сподели сладок момент од таткото и ќерката.
Додека Ана безгрижно спиеше на градите на татко и, им се придружи и кучето на Маријана, па идилата беше комплетна, а иако овде не се гледа, насмевката на Маријана се чувствува дури и зад мобилниот телефон со кој го овековечи овој момент.
Деновиве Маријана максимално и се посветува на улогата на мајка и се грижи се да биде во служба на растењето на Ана, а неодамна ја украси и нејзината соба полна со мотиви од мечиња и срциња.