Новости

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ: Ќе излегуваат слободно, нема да има карантин за нив- невакцинираните под строги мерки!

Повеќе од 12 проценти од Германците ја примиле барем првата доза на вакцината

Луѓето кои биле целосно вакцинирани, наскоро може да можат да си ја вратат личната слобода и да се вратат во нормален живот, изјави германскиот министер за здравство, Јенс Спан, пренесува „Дојче веле“.

foto ilustracija

Германците кои биле вакцинирани би можеле да ги избегнат мерки за „тешко заклучување“ две недели по примањето на втората доза на вакцината, додаде тој.

Додека Германија се обидува да ја засили својата програма за вакцинација среде третиот бран на коронавирусот, државните и сојузничките лидери очајно се обидуваат да најдат начин барем делумно да го вратат животот во нормала.

IFoto: EPA/ABIR SULTAN

Спан посочи дека луѓето кои ги примиле двете дози на вакцина наскоро може да патуваат, да посетуваат продавници и да одат на фризер и козметички салони без ограничувачки мерки, како што е примерот за покажување на негативен брз тест.

„Секој што е целосно вакциниран во иднина може да се третира како некој што има негативен тест“, рече министерот за “Bild am Sonntag”.

Marcel Kusch/dpa Picture-alliance Via Afp

Тој додаде дека ваквиот потег се очекува само кога ќе заврши третиот бран на вирусот корона и откако ќе се преиспита дополнителното ублажување на мерките за карантин – вклучувајќи и отворање на услужни дејности со покажување на брзи тестови.

Основа за таков план е проценката на тамошните експерти, кои тие ги доставија во извештајот до Сојузното Министерство за здравство. Германскиот институт Роберт Кох (РКИ) за контрола на болести објави дека целосно вакцинираните лица не треба повеќе да бидат во карантин.

Институтот известува дека вакцинираните лица 15 дена по втората доза имаат помала веројатност да го пренесат вирусот отколку лице без симптоми кое штотуку добило негативен резултат на брзиот тест.

Спан додаде дека повеќе од 12 проценти од Германците ја примиле барем првата доза на вакцината, односно повеќе од 10 милиони граѓани.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close