Кафе муабет

Вила, јахта, скапи автомобили, станови- еве што се е во тестаментот на Саша Поповиќ!

Сузана Јовановиќ ќе биде побогата за неколку милиони...

Пред извесно време во јавноста излезе веста дека директорот на „Гранд“ продукција Саша Поповиќ го подготвил својот тестамент.

фото инстаграм/Саша Поповиќ

Тој е еден од најбогатите луѓе во регионот, кој не жали што троши пари на луксузни предмети.

Како што пренесува Скандал, тој решил да напише тестамент и се што има да и остави на својата сопруга Сузана Јовановиќ.

фото инстаграм/Саша Поповиќ
фото инстаграм/Саша Поповиќ

– Саша се консултирал со својот адвокат и решил се да и остави на Сузана. Таа е петнаесет години помлада од него, но тој има најголема доверба во неа и сигурен е дека таа ќе знае како да управува со целиот имот што го поседуваат – тврди близок извор на семејството и додава:

фото инстаграм/Саша Поповиќ

-Има доверба во својата ќерка, како и во синот на Сузана, кој го одгледа како да е негов. Но тој е решен да ѝ остави се на Сузана. Сигурно не мисли дека му се ближи крајот, свесен е само за времето во кое живееме и дека треба да го реши тоа навреме.

Фото Архива
Фото Архива

Сузана Јовановиќ, како што се наведува, по официјалното составување на тестаментот ќе биде побогата за неколку милиони, но бидејќи таа и Саша се во хармоничен брак, таа не придава значење на тоа, туку му го посветува вниманието на сопругот и се труди да ужива со него.

фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ
фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ
фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ
фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ

Освен во недвижнини, Саша претходните години инвестираше пари и во скапи автомобили, но и во јахти.

Како што се наведува, Поповиќ поседува јахта која е закотвена на хрватското приморје и троши вртоглава сума пари за нејзино одржување.

фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ
фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ

– Воопшто не жалам за пари за такви работи, сакам да имам скапи и добри автомобили. И јас знам да возам јахта и поради таа причина ја купив – изјави Поповиќ во една прилика.

фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ

Кога станува збор за автомобилите, Саша, според пишувањето, го поседува целиот возен парк. Има БМВ и8, кое го платил 150.000 евра. Пред тоа купил џип „мерцедес“ кој вреди околу 50.000 евра, а поседува уште еден, кој е поевтин за 10.000. Исто така, многу често низ градот вози мал „паметен“ автомобил чија цена е околу 15.000 евра, бидејќи му е практично да паркира.

фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ

Како што понатаму се наведува, Поповиќ планира да изгради и луксузен комплекс на Авала, каде купил плац, а неговиот дом на Бежанијска коса зрачи со луксуз на секој чекор.

фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ
фото архива
Фото Архива

Прекрасната куќа на директорот на Гранд секако зрачи со просторност, а во дневната соба доминира скапиот бел мебел, пијано, шанк, многу уметнички и семејни фотографии.

Во дворот до големата куќа имаат уште една мала помошна. Зелената градина во која ужива ова семејство е прекрасно уредена, а имаат и зелена патека до влезот во домот, како и пространа тераса.

фото архива

Поповиќ поседува и стан во Опатија, кој, според медиумите, платил 300.000 евра, а во една прилика на социјалните мрежи се пофалил со луксузот во кој ужива со семејството и пријателите додека е на одмор. Тој покажа дел од својот дом: базен, тераса и поглед на море.

фото архива

Да потсетиме, пред неколку години медиумите пишуваа дека вкупната плата на Саша во последните неколку години, вклучително и седум и пол милиони од продажбата на компанијата, изнесува околу 10.500.000 евра.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close