Кафе муабет
ВАКОВ ПОДАРОК НЕМА ДОБИЕНО НИТУ ЕДНА ЖЕНА: Еве што доби Сека од нејзиниот сопруг за годишнина од брак!
Сека ги изненади сите кога откри дека добила огнено оружје од сопругот Вељко за годишнина.
Пејачката Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко слават годишнина од брак.
По тој повод сопругот решил да ја изненади пејачката со уникатен подарок, што можеби до сега не го добила ниту една жена.
Сека ги изненади сите кога откри дека добила огнено оружје од сопругот Вељко за годишнина.
– Огнено оружје добив на подарок по полагање на испитот и го прашав: “Дали си свесен што ми купи?”- откри таа.
Популарната пејачка раскажа и како изгледал чинот на избор на оружје.
– Влегуваме во продавницата и двајца мажи стојат зад шанкот и не прашуваат: “До таму ли стигнавте?” – рече Сека и изрази жалење што нема повеќе време да го посетува стрелиштето и да се посвети на своето хоби.
Нејзиниот пат кон потомството не бил воопшто лесен и борбата траела седум години…
Пејачката Сека Алексиќ пред извесно време реши јавно да прозбори за својата борба за потомство и за тоа дека долго време се обидуваше да стане мајка и на тој начин се соочи со бројни пречки.
Популарната пејачка Сека Алексиќ денес има две здрави момчиња и не крие колку е горда и колку ужива во родителството, и секој момент поминат со нејзините наследници.
Сепак, нејзиниот пат кон потомството, како што вели, не бил воопшто лесен и борбата траела седум години.
– Мојот пат кон потомството не беше лесен, јас сум личност која чекаше седум години да роди дете. Јас и сопругот се боревме седум години да добиеме дете. Ин витро оплодувањето е само 30 проценти.
Направив три ин витро оплодувања, третото успеа, првите две беа неуспешни. Кога ја решивме мојата отпорност на инсулин, беше многу полесно, пиев апчиња четири години, тие помогнаа да се реши тој проблем.
Што се однесува до маслото од Свети Нектариј, постои правилник, не можете да го користите без благослов и постојат правила како да се користи, колку капки се земаат.
Жената го пие, се причестува и потоа оди во процес на ин витро оплодување. Ние го почитувавме сето тоа. Се причестив и отидов на оплодување, му благодарам на Бога, мојот Јаков се роди.
Сека тогаш зборуваше за следниот процес, кога беше бремена со нејзиниот помлад син Јован.
– Две и пол години подоцна, отидов повторно на Ин витро оплодување, само ќе ви кажам дека молитвите на Свети Нектариј беа одговорени од Господ и дека Вељко и јас станавме родители.
И Бог дозволи да станеме повеќе. Верниците кои веруваат, тие знаат кој е Свети Нектариј, тој е голем чудотворец.
Бев и на Егина, каде што живееше и каде беше погребан. Неговите масла се навистина чудесни, го лекуваат секој што има проблем. Неопходно е човекот да има верба, тогаш половина од проблемот е решен – рече пејачката.
– Вељко е полн со љубов, не само за семејството туку и за сите останати, затоа понекогаш се лутам, бидејќи сака да посвети внимание буквално на секоја ситница. Тогаш сфаќам дека грешам, бидејќи всушност е христијански и така треба да работиме сите – започнува пејачката.