Дом и семејство

Бремена го напуштила семејниот дом, им се заканувале со киднaпирaњe на синот- љубовната приказна на најубавиот турски пар

Тие го чекаат второто дете...

Актерскиот пар Бурак Озџивит и Фахрије Евџен важат за еден од најубавите турски парови кои македонската јавност ги запозна како Неџла од серијата Кога лизјата паѓаат и Бали бег од серијата Сулејман Величевствениот.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Неодамна шармантниот заводник Бурак ги воодушеви своите обожаватели со фотографија од семејна идила и им ги честиташе празниците.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

– На сите им посакуваме здрава и среќна нова година, напиша тој во описот на фотографијата на која позира со сопругата Фахрије која наскоро треба да го роди второто дете.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Тие го добија својот син Каран во 2019 година. Сепак, она што многумина го знаат е дека парот помина низ многу тешки времиња.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Уште на самиот почеток, кога се дозна за нивната романса, дежурните критичари им предвидуваа брз крај.

фото инстаграм/ Бурак Озчивит

Познатиот актер и актерката се во брак од 2017 година, но најголемите проблеми започнаа во 2020 година кога починал таткото на Бурак, по што популарниот Бали-бег паднал во депресија.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Се шпекулираше дека Фахрије во еден момент наводно го напуштила семејниот дом.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Според турските медиуми, тие поминале низ многу тежок период бидејќи Фахрије и Каран биле болни од корона вирусот и цело време биле дома, а за тоа време актерката наводно постојано се расправала со сопругот.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Во еден период се зборуваше дека дошло до таква расправија дека Фахрије го кренала гласот на свекрвата, а Бурак и се спротивставил и застанал на страната на мајка си. Се шпекулираше дека по тој инцидент Фахрије ја напуштила вилата.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

За многу кратко време парот се огласи на социјалните мрежи каде споделија заедничка фотографија и ги демантираа сите тврдења.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

– Не бидете глупави! Оставете не на мира!, напишаа тогаш како одговор на гласините.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Парот исто така помина низ тежок период кога истата година купи вила во близина на Истанбул.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

– Проблемот настана кога Бурак дозна дека некој друг е заинтересиран за таа куќа и дека цената не му е важна. Бидејќи актерот прв го платил авансот, вториот купувач го изгубил својот дом. Набрзо се дозна дека другиот заинтересиран купувач е член на криминална банда и дека не му се допаѓа што останал без вилата која по секоја цена сакал да ја запише во имотниот лист, вели изворот.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Поради проблемите со купување на куќата, криминалци се заканувале на познатиот пар со киднапирање на нивниот син.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Освен тоа, парот успеа да ја надмине и г.еј-аферата.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Имено често се шпекулира дека Бурак е всушност хомосексуалец и дека ја крие вистината бидејќи таа вест би му ја уништила кариерата, а некои турски медиуми објавија дека неговата поранешна девојка го нашла во кревет со маж, што актерот остро негираше.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

За среќа, се што е негативно е зад нив. Гласините за ново дете беа вистинити, а еден од најубавите парови наскоро ќе добие уште едно синче.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
фото инстаграм/Фахрије Евџен
фото инстаграм/ Бурак Озчивит
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
фото Инстаграм/Фахрие Евџен

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close