Нега и здравје
Билјана Јевтиќ заврши на Ургентен- пејачката има сериозни проблеми?
Правела рутински преглед...
Пејачката Билјана Јевтиќ вчера вечер завршила на Ургентниот центар во Белград, а цело време со неа бил и нејзиниот сопруг Аца Илиќ.
Билјана се пожалила на главоболки, медицинскиот персонал веднаш ја примил пејачката и таа била испратена на преглед кај невролог.
– Билјана дојде во Ургентниот центар и се пожали на главоболки. Испратена е на преглед кај невролог – изјавил изворот близок до пејачката за српски „Информер“.
По тој повод се огласи и самата Билјана и потврди дека е во Ургентниот центар.
– Два дена ме болеше глава, пиев кофеин, но не ми помогна. Притисокот ми варира поради промената на времето, па кога го носев Аца на забар, застанав на преглед. Направив преглед кај невролог, здрава сум. Примив инекција, не сакам да чекам кога не се чувствувам добро и сакам се превентивно да проверувам. Тоа беше рутински преглед – рече Билјана.
Инаку пејачката Билјана Јевтиќ пред неколку години преживеа вистинска драма, а иако немаше класичен и многу болен напад, кој често го предизвикува присуството на камења во жолчката, мораше да се оперира за да избегне посериозни компликации.
При лапароскопската процедура, со која и се извадени жолчното кесе и неколку камења, се покажало дека овој орган бил под воспалителен процес, како и притискање на црниот дроб, пренесе „Свет“.
– Не почувствував силни болки, барем не последниот пат, бидејќи со овој здравствен проблем се справувам речиси цела деценија, а поради тоа два пати завршив на Итна помош. Но, сега мојот доктор како да претчувствуваше, рече дека е подобро да ме оперира иако се чини дека се е во ред. Дури и резултатите од лабораториските анализи беа добри, па ништо воопшто не укажуваше на можен проблем. Се покажа дека жолчното кесе е воспалено, како и дека врши притисок на други органи, пред се црниот дроб. Секако, ми олесна кога сфатив дека избегнав некои сериозни компликации – изјави тогаш Билјана Јевтиќ, по операцијата.