Новости

“Би побегнала од се, да можев” : Две години по неговата cмpт, сопругата на Оливер откри како живее без него!

Сопругата на Оливер се огласи неколку дена пред неговиот роденден

Во јули 2018 година, не напушти Оливер Драгојевиќ, легендата од хрватската музичка сцена, кој пo-чина по едногодишна битка со рак на белите дробови.

Тој зад себе ја остави својата сопруга Весна, со која беше во брак 44 години, синот Дино (42) и близнаците Дамир и Давор (39).

На 7 ми декември, пејачот ќе го славеше својот 73-ти роденден.

Пред неговиот роденден, неговата сопруга Весна се огласи со изјава за весникот, Слободна Далмација.

„На роденденот на Оливер, доколку не врне дожд, би сакала да се прошетам. Нема да обележуваме ништо посебно, ќе го паметиме, се разбира, на наш начин “, рече таа за медиумот и потенцираше дека Оливер никогаш не сакал големи роденденски прослави, но секогаш морал да  дува свеќи.

Неговата сопруга исто така откри и како изгледа животот без Оливер.

„Знам дека ќе се пишува многу во медиумите, го разбирам тоа и знам дека не можам да избегам од сè, иако би сакала. Но, добро се носам со сето тоа. Опкружена сум со децата, внуците, имам дури седум, најмалото е шестмесечно бебе, најстариот Дује, е тринаесетгодишно дете “, изјави Весна за Слободна Далмација.

 

Северина се присети на Оливер Драгојевиќ

По повод неговиот роденден се огласи и Северина Којиќ објавувајќи на Инстаграм видео од концерт каде таа ја пее познатата „Цесарица“ на Драгојевиќ.

 

„Го сакав Оливер и како музичар и како личност… Патувавме заедно неколку пати, се смеевме, тој возеше брзо… Еднаш,  летото 2001 година, тој ме замоли да одржиме концерт во Вела Лука наместо тоа. Јас реков „не можам“ и тој рече „но јас не можам повеќе од тебе“. И така ме шармираше, имаше шарм и отидов да пеам (во флип-апостолки, затоа што отидов да го посетам од плажа)…

Луѓето дојдоа да го слушаат Оливер, им ја објаснив ситуацијата и сите се смееја. Ова не е тој концерт, овој се одржа во клуб во дијаспората пред две години, малку време пред да замине…

Затоа што луѓето од секаде го сакаа, и сите го сакаме… Засекогаш (тука си)  “, напиша Северина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Оливер беше еден од најталентираните пејачи во поранешна Југославија

Музиката ја засака од најрано детство. Публиката го сакаше токму поради неговиот талент да предизвика емоции кај секого, поради неговата посебна искра која што ја имаше и по која беше препознатлив.

 

Оливер несомнено беше една од најголемите ѕвезди на овие простори. Емоциите во неговите песни беа заеднички за многумина, тој целосно се даваше во нив, а публиката се препознаваше во стиховите, уживаше во неговата музика и богато го наградуваше на секој негов настап.

 

Она што тој го остави не се само неговите бројни албуми, освоени награди или распродадени концерти. Вистинскиот траг кој тој го остави се наоѓа во срцето на неговото семејство, пријателите, соработниците и неговите обожаватели.

Неговите песни имаа душа, и не само што се слушаа туку истите и се живееја, а посебно оние љубовните.

 

Со нив се сакавме, се разделувавме, заборававме на старите љубови и го отворавме срцето за нови.

Невозможно е да се каже кои од нив се најдобрите, но едно е сигурно – овие 10 љубовни песни никогаш нема да бидат заборавени…

1. Молитва за Магдалена

2. Брод у боци

3. Ако изгубим тебе

4. Што то беше љубав

 

5. Траг у бескрају

6. Цесарица

7. Добро јутро туго

8. Мој липи анџеле

 

 

9. Тко сам ја да ти судим

10. Писмо моја

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close