Кафе муабет
Беше првиот модел на Викторија Сикрет со Даунов синдром: Погледнете како денес изгледа Софија- објави прекрасна фотографија и покажа кој и е најглема поддршка
Таа го честиташе роденденот на нејзиниот татко...
Порториканската манекенка Софија Жирау влезе во историјата како првата личност со Даунов синдром која се појави како модел за еден од најпознатите светски брендови Викторија Сикрет.
24-годишната девојка беше претставена во новата кампања за колекцијата долна облека Love Cloud.
Имено, брендот со години трпи критики од застапниците кои инсистираат на различност на телото. Овој бренд инаку е познат по високите и слаби „ангели“.
„Колекцијата Love Cloud е важен момент во еволуцијата на брендот“, рече Раул Мартинез, новиот креативен директор на брендот, во соопштението за печатот.
Жирау, исто така, започна своја кампања на шпански наречена „Без ограничувања“ за да ја покаже способноста на луѓето со Даунов синдром да ги постигнат своите цели и покрај нивната состојба.
-Сонував дека еден ден ќе се случи, работев напорно на тоа и денес тој сон се оствари и конечно можам да ја откријам мојата тајна. Јас сум првиот модел на Викторија Сикрет со Даунов синдром, напиша Софија на Инстаграм.
Жирау дебитираше како модел на модната недела во Њујорк пред три години.
Уште на почетокот многумина беа воодушевени од појавата на Софија, која е храбра млада девојка што има за цел да ги сруши сите предрасуди и да им покаже на луѓето како неа дека може да се успее во сонот само доколку вистински се сака.
– Родена сум за ова и сакам да му покажам на светот како секој модел треба да блесне – напиша таа на социјалните мрежи.
-Мојата манекенска работа во САД беше почеток на мојот сон: одење по најважните писти во светот. За мене најважно е да им покажам на луѓето ширум светот дека нема граници и да ги инспирирам да ги следат своите соништа, напиша Жирау на својата страница.
Таа е активна на социјалните мрежи, а како изгледа денес, погледнете неколку нејзини објави на Инстаграм:
Таа пред неколку дена објави слатка честитка по повод роденденот на нејзиниот татко.