Кафе муабет
Беше најбогатата актерка во Југославија, ја нарекуваа српската Брижит Бардо- имаше живот каков што секој би посакал а потоа следуваше ПEKOЛ!
За неа многумина ќе кажат дека има безвременска убавина, па дури и сега на 78 години изгледа боженствено...
Кога имаше само 17 години Десанка Беба Лончар ја достигна најголемата слава и од тинејџерка прерасна во најбогатата филмска дива.
За неа многумина ќе кажат дека има безвременска убавина, па дури и сега на 78 години изгледа боженствено.
Беба важеше за актерка со ретка, елегантна убавина, а кадрите од филмот „Љубов и мода“ во кој крстосува по белградските улици во црвено-бел женствен фустан кој ја истакнува нејзината тесна половина се врежани во меморијата на многумина. Не е ни чудо што во 1960 година, набргу по ова достигнување, таа ја доби титулата секс симбол и прекарот Српската Брижит Бардо. По улогата во филмот „Љубов и мода“ преку ноќ стана една од најбараните југословенски актерки.
-„Дојдоа кај мене и ми рекоа – ќе снимаш филм, ќе возиш веспа, ќе носиш убави фустани, ќе возиш авион… Тоа беше како сон“, рече еднаш Беба.
-„Многу среќа и случајност влијаеја на мојата кариера. На Запад бев интересна и како девојка која пристигнува во филмската индустрија зад Железната завеса“, рече таа.
Заедно со славата и успехот пристигнаа и големи пари. Така Беба на 19 години уживаше во луксуз – возеше бел мерцедес, носеше скапа бунда, големи дијаманти …
„Двосед, кабриолет… Тоа е најлуксузниот автомобил што сум го имала. .Воопшто не беше за мене,повеќе беше за постари жени.Ама во тоа време немаше такво нешто во Југославија. Еднаш си купив голем дијамант! Никогаш не ми требаше дечко за тоа-изјави оваа белградска убавица.
И додека мажите ширум Европа воздивнуваа по Беба, таа својата љубов ја подари на еден маж – хрватскиот бизнисмен Јосип Радељак Дикан. Двојката го имаше светот на дланка, но долго копнееше по потомство – поминаа дури 13 години пред Беба да го роди нивниот син Лео.
Беба долго време се бореше за да му роди син на нејзиниот сопруг. Неколку пати останувала бремена но секоја бременост завршувала со спонтан абортус. Тоа беа тешки времиња, но едно време актерката истакна дека има апсолутна поддршка од нејзиниот сопруг:
„Тој доаѓаше дење и ноќе.. Моите пријатели во одделот и јас имавме се што сакавме“. Практично ја поминала бременоста со синот Лео во кревет – во првите пет месеци никогаш не станала од кревет.
„Три килограми и 150 грама, долг 52 сантиметри, со локни… Кога конечно го зедов во раце, филмови, снимања, слава, сето тоа беше поинаков свет за мене. Животот во болница длабоко ме промени.
Заминав од глумата и решив да бидам со детето, да не го влечкаат дадилките по сетови“, рекла Лончар во една прилика.
Својот последен филм „La Villa delle anime maledette“ го снимила во 1982 година во Рим, по што ставила точка на филмската кариера иако имала само 39 години.
Беба и Јосип важеа за пар кој ужива во хармоничен брак и голема љубов но во 1994 година, по 23 години заедништво, неочекувано за Беба, следеше неговата прељуба, а набрзо се разведе.
“Кога врската што толку многу ја градевте ќе пропадне, тоа навистина е животен пораз. Но, на 50 години тој реши да тргне по друг пат. Се случува мажите потоа да бараат да ги обноват своите животи и младоста .„Не може да те сака со сила“, рече таа.