Кафе муабет
АУУУ КАКВА БОМБA: Нема да верувате како изгледа сега Јелена Карлеуша, го промени имиџот- се затегна во бел латекс и го запали Инстаграм!
Доби многу позитивни коментари...
Пејачката Јелена Карлеуша важи за кралица на трансформациите, па овој пат избра сосема поинаков имиџ од вообичаениот.
Поп ѕвездата објави фотографии од лифтот, коi овој пат, судејќи по коментарите и лајковите, го „запали“ Инстаграм.
Имено, Јелена на Инстаграм објави две нови фотографии на кои покажа уште една трансформација, но и совршена фигура која потсетува на песочен часовник.
Карлеуша направи две селфиња во огледалото на својот лифт, а целиот стајлинг е сосема поинаков од другите во кои сме навикнати да ја гледаме.
Невозможно е да не се забележи дека ЈК повеќе не носи долга руса коса, туку е скратена во познатата Боб фризура.
Белиот латекс целосно ја следеше линијата на телото, откривајќи го стомакот. Меѓутоа, кога се сврте, задникот и беше во преден план, резот на долниот дел беше многу низок,при што ѕиркаше затегнатиот задник на пејачката.
„Каква бомба си“, „Овој лифт води во друга димензија“, „Ти си совршена“, „Колку си згодна“, „Нема поатрактивна жена на Балканот“, „Божица на стилот и добриот вкус, секој дел од тебе секогаш се труди да изгледа совршено во секоја прилика“, „Доаѓа нова ера на естетиката“, се само дел од коментарите.
Инспирирана од главната хероина на филмот „Петти елемент“, Мила Јововиќ, Карлеуша се облече во тесен костим, па ја скрати косата и направи шишки. Покрај тоа, таа користеше посилна шминка, и предизвика бројни коментари на Инстаграм.
Јелена Карлеуша (42) има повеќе од 2,4 милиони следбеници на Инстаграм, а со секоја нова објава ги изненадува своите верни фанови.
Пред извесно време среде скандалот со нејзиниот сопруг, Душко Тошиќ таа уживаше во топлиот Дубаи.
Иако е во центарот на семеен скандал на Јелена ништо не може да и го расипе задоволството, а тоа уште еднаш го покажа преку својот Инстаграм.
Тесниот црн костим за капење со необичен крој особено ја истакна нејзината извајана фигура, а со очила на лицето и марама на главата на многумина им даде причина за коментар.
„Колку си совршена, никој не ти е ни до колена на овие простори“, „Кралица“, „Изгледаш брутално“, се само дел од коментарите кои ги добила.
Покрај оваа фотографија, таа сподели уште неколку, и секоја е провокативна на свој начин.