Кафе муабет
АНЏЕЛО И КЛЕМЕНТИНА ДОБИЈА 18 ГОДИНИ ЗАТВОР, А АНДРЕЈ 16 – за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот – ОСУДЕНИТЕ БАРААТ ДА ИМ СЕ СУДИ ЗА ТЕПАЧКА
Лелеци, тензии и дофрлувања по изрекувањето на пресудата...
Три високи затворски казни изрече судијката Елена Илиевска – Јосифовиќ за тројцата обвинети за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.
Фото/Принтскрин
Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски е осуден на 18 години затвор.
Фото/Принтскрин
Второобвинетата Клементина Лефковска е осудена на 18 години затвор. Третообвинетиот Андреј Костовски е осуден на 16 години затвор.
Фото/Принтскрин
„Не пријавиле дека тие му задале удари на оштетениот, ниту го пријавиле настанот во полиција. Клементина не дала помош вечерта, а Анџело избегал. Олеснителни околности за Анџело се тоа што е млад, неженет, се обидел да помогне, не е осудуван. За Клементина, олеснително е тоа што не е мажена, мајка е, не е осудувана, невработена е, како и изразеното жалење за настанот. Судот за Андреј имаше предвид дека не е женет, вработен е, не се води постапка против него, тој презел дејства да му помогне на оштетениот, судот го ценеше и тоа што искрено и видливо беше манифестирано каењето на сите рочишта“, додаде судијката.
Фото/Принтскрин
Обвинетите негираа вина за делото убиство. Тие бараа да им се суди за тепачка. Тврдеа дека немале намера да го убијат Тот, ниту умисла, што е еден од условите за да се исполни битието на делото.
Фото/Принтскрин
Судскиот процес траеше два и пол месеца.
Денис Тот беше убиен во април годинава пред скопската дискотека ,,Привилиџ’’.
Фото/Принтскрин
Во јавноста се рашири видео од тепачката пред дискотеката, на кое се гледа како обвинетите го удираат Тот, тој паѓа на асфалтот и останува без знаци на живот.
Фото/Принтскрин
Од април годинава за неговото убиство во притвор се 28-годишниот Анџело Ѓорѓиевски, 19-годишната Клементина Лефковска и 22-годишниот Андреј Костовски. Обвинителниот акт беше поднесен на крајот од јули.
Фото/Принтскрин