Кафе муабет
АНА СЕВИЌ ЗАПРОСЕНА: Објави фотографија од прстенот кој чини цело богатство!
Сега Ана со емотивна фотографија објави дека e запросена...
Пејачката Ана Севиќ со години е во емотивна врска со Даниел Недеjковиќ, а минатата година во декември оваа двојка ја доби ќерката Сена.
Сега Ана со емотивна фотографија објави дека e запросена.
Имено, пејачката објави слика со својот вереник, а во описот на фотографијата таа постави емоткон со знакот на бесконечност, што алудира на тоа дека засекогаш му рекла „ДА“.
Да потсетиме, пред оваа врска, Ана Севиќ беше во брак со пејачот Дарко Лазиќ, со кого ја има ќерката Лорена.
За бракот на Ана и Даркосе пишуваше на големо.
Тие ја имаат ќерката Лорена а неодамна Ана стана мајка по втор пат.
Пејачот и должи 900.000 динари на Ана Севиќ или 20 алиментации за својата ќерка Лорена.
Таа поднесе тужба во мај годинава против нејзиниот поранешен сопруг за неплаќање алиментација за нивната ќерка. Дарко пак јавно тврди дека таа не ги исполнила обврските па така сега долгот на пејачот е со износ од 900.000 динари.
Бидејќи тој сè уште не стори ништо во врска со ова прашање, Ана побара правда на суд, но побара дискреција од адвокатот затоа што не сакаше да го клевети таткото на своето дете. По тој повод се огласи и Дарко, кој ги негираше обвинувањата.
– Не е вистина, Ана лаже! Плаќам алиментација на Лорена. Моите деца добиваат од мене секаков вид внимание и љубов што никогаш не им недостасува – изјавил пејачот за медиумите.