Кафе муабет

Амар Гиле за аферите: Бев со мажени жени, јас сум паметен партнер, не дозволив да ме откријат!

Пејачот со шокантна изјава...

Пејачот Амар Гиле Јашарспахиќ е познат по бурниот љубовен живот, а сега ги шокираше сите со својата изјава кога откри со какви жени до сега бил.

Фото Инстаграм/Амар Гиле

Имено, тој призна дека имал афера со мажени жени но дека никогаш не бил фатен „на дело“.

Фото Инстаграм/Амар Гиле

“Имаше се во мојот живот, бев со мажени жени, но нивните сопрузи не ме бркаа. Внимавав. Знам да чувам тајни, а паметен сум како партнер”, изјавил пејачот за Информер.

Фото Инстаграм/Амар Гиле

„Планирам да ја дочекам Новата година со мојата нова девојка. Не, не се работи за Наташа Радан, таа не е моја девојка ниту некогаш била. Имам нова девојка со која сум во врска некое време, семејство, пријателите и Елма Синановиќ со која настапувам“, изјави Амар.

Фото Инстаграм/Амар Гиле

Тој во една прилика откри дека иако имал додворувачки од естрадата сепак тој не би можел да биде во врска ниту да гради иднина со пејачка.

Фото Инстаграм/Амар Гиле

-Можев да бидам со пејачката, но не … едноставно не можев да издржам, бидејќи знам низ што ќе помине во животот, па љубоморен сум. Подобро да имам жена дома а јас да работам- рекол пејачот, па признал дека девојките се уште го задеваат иако е во врска во досегашната негова кариера гледал се и сешто на неговите настапи.

Фото Инстаграм/Амар Гиле

– Жени секогаш ќе има околу нас, но мора да бидеме внимателни, денес жените се полоши од мажите, подготвени се на се, изјави Гиле во емисијата “Grand news”.

Фото Инстаграм/Амар Гиле

За потсетување, Амар Гиле Јашарспахиќ минатата година призна дека ставил точна на долгодишниот брак.

Откако оваа информација излезе во медиумите, се огласи и неговата поранешната сопруга.

Фото Инстаграм/Амар Гиле

– Амар и јас се разидовме по мирен пат. Имаме прекрасни години зад себе, како и синот Дарис кој е нашето најголемо богатство. Знаев за кого се мажам и дека неговата популарност ќе биде проследена со разни медиумски написи на кои не им обрнував внимание, истакна Ена за „Гламур“.

Фото Инстаграм/Амар Гиле

– Амар е прекрасен татко на нашиот син. Ние двајцата ќе останеме пријатели, какви што бевме и досега – додаде таа, додека Гиле пред камерите се надоврза со зборовите.

– Глупаво ми е кажам било што погрешно за неа зошто таа е мајка на нашето дете. Врзан сум за неа со срцето. Јас и ден денес ја сакам. Би било срамота да кажам дека не ја сакав. Ена е прекрасна жена. И кога не е моја, јас сум љубоморен, вели Амар Гиле.

фото архива

Наташа Радан која ја споменуваа дека им го растурила бракот на Амар и Ена, проговори за нејзината врска со пејачот. Иако тој тврди дека никогаш не бл со неа сепак таа го тврди спротивното…

Фото Инстаграм/Амар Гиле

– Да, се гледав со него додека беше во брак, но тој беше иницијатор на секое наше гледање, кога ќе дојдеше во Белград, тој мене ми се јавуваше, се гледавме пред и по настапот. Не знам зошто имаше потреба да споменува било каков ПР кој мене ми оставил букет во раце за да се сликам со неа, незнам какви се тие глупости, зошто јас не знаев дека имам ПР. Не ми е јасен, не испрадна фер и коректен кон мене. Јас кон него имав почитување кое тој го немаше кон мене, што и сега го покажа. И тие приказни кои сега ги раскажува, тоа буквално се приказни за мали деца или буквално приказни кои ѝ ги сервирал на својата жена додека беше во брак 4 години. Нема да ги коментирам, тоа не е мој проблем. Се гледавме минатата година, тоа траеше два месеци пред моето влегување во реалното шоу, вели Радан.

Фото Инстаграм/Амар Гиле
Фото Инстаграм/Амар Гиле
Фото Инстаграм/Амар Гиле

– Што се однесува до интимните односи, тоа ќе го кажам поради себе, до тоа не дојде. Откако излегов од „Задруга“ не сме повеќе во контакт, немаме никаква комуникација. Одлучив само сега да зборувам за него, зошто тој ме спомна во неговото последно интервју, па не сакам да излезам бедничка која го прогонувала кутириот мал Амар Гиле Јашарспахиќ, со него сега е завршена секоја комуникација и не сакам повеќе да ме прашуваат за него, заклучи Наташа Радан.

Фото Инстаграм/Амар Гиле

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close