Кафе муабет

Лоши вести од Германија – ќе можат ли Македонците да патуваат за ВЕЛИГДЕНСКИТЕ празници?

Меркел одлучува за мерките

Во Германија затворањето е продолжено до средина на април, а од црквите се бара велигденските служби да се организираат виртуелно.

Сојузната и покраинската влада во Германија се договорија да го продолжат заклучувањето до 18 април.

Тие исто така ги повикаа граѓаните за време на велигденските празници пет дена да останат дома за да го скршат третиот бран на корона вирусот. Ова го изјави канцеларката Ангела Меркел која во преговорите што траеја до доцните ноќни часови ги поттикна челниците на 16-те германски држави на поостар став во борбата против пандемијата, правејќи пресврт во плановите за постепено отворање на економијата, што беше претходно договорено.

Германија е во многу сериозна ситуација со оглед на ширењето на различните варијантни на вирусот и се поголем број инфекции, изјави Меркел на конференцијата за новинари, додавајќи дека Германија се бори со времето за да ги вакцинира во што поголем број своите граѓани.

Германија на почетокот од март почна да ги олабавува ограничувањата, но ширењето на вирусот предизвика загриженост заради преголемата гужва во болниците. Според податоци на Институтот за инфективни болести Роберт Кох во понеделникот бројот на случаи на 100.000 жители изнесуваше 107, што е над прагот од 100 на кој единиците за интензивна нега остануваат без капацитет. Претходно беше договорено дека рестрикциите ќе бидат обновени ако бројот на нови случаи на 100.000 жители во текот на една недела го премине прагот од 100 три дена по ред, а во неделата седумдневниот пресек беше 103,9.

Граѓаните на Германија според она што го договорија претставниците на власта би требало да останат дома пет дена, започнувајќи од 1 април при што би требало да се избегнуваат физичките контакти. Во прашање е периодот во кој ќе биде опфатен католичкиот велигден, кој за разлика од православниот, ќе биде на 4 април. (Овој празник многу нашинци кои работат во Германија го користат за да ја посетат својата татковина за време на слободните денови.)

Но овој договор не предвидува затворање на сите трговски објекти, вклучувајќи ги и супермаркетите, изјави Меркел.

За време на велигденските празници ќе бидат забранети празничните собири кои ќе бидат ограничени на две домаќинства или до пет луѓе, а владата од црквите ќе побара велигденските служби да ги организира виртуелно. Од друга страна најспорни прашања за време на состанокот беа патувањата за време на претстојните празници, а Меркел изјави дека не советува да се патува во странство. Германците, можеа слободно да патуваат дури и за време на пандемијата, но хотелите во земјата не смеат да изнајмуваат соби за туристи, што остава патувањата во странство како единствена можност за луѓето што сакаат одмор.

За авионските компании се воведува задолжителни тестирања на патниците и членови на посадата пред тргање од Германија, но Меркел изјави дека не успеале да воведат задолжителен карантин за сите патници што се враќаат од одмор.

Во Германија во понеделникот со 7709 нови случаи, според Институтот Роберт Кох, вкупниот број на заразени порасна на 2.667.25 додека бројот на лица што го изгубиле животот од опаката болест порасна за 50 на 74.714.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close