Дом и семејство
Александра Пријовиќ соопшти убави вести- фановите пресреќни, еве што се случува во семејниот дом
Прославија годишнина...
Бракот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ започна пред повеќе од четири години и секогаш е интересен за јавноста.
Имено во медиумите постојано се шпекулира за нивниот однос, но тие секогаш се тука да демантираат со убави случувања од нивниот дом.
Синот на тенисерот Слободан Боба Живојиновиќ и пејачката се венчаа летото 2018 година.
Тогаш многумина им предвидуваа среќен и долг заеднички живот на младенците но ги имаше и оние кои веруваа дека тоа се два света и дека љубовта меѓу нив нема долго да трае.
Хармоничните сопружници сепак ги демантираа сите гласини и денес живеат во хармонична заедница заедно со синот Александар.
Сите очекуваа дека Пријовиќ и Филип наскоро на наследникот ќе му подарат брат или сестра, но тоа не се случи бидејќи како што вели Александра времето за кариера сега е кратко.
Дека таа е многу посветена на својата кариера покажува и фактот што за кратко успеа да стане една од омилените и најбараните пејачки на овие простори. Сепак нејзиниот сопруг Филип многу активно учествува во нејзината музичка кариера како текстописец и композитор, па Александра често може да каже дека нејзиното семејство е нејзината база и нејзиниот најголем адут.
Аплаузите, рефлекторите и славата доаѓаат и си одат, но она што останува се најблиските, нивната топлина и спомените што ги направија заедно.
Пријовиќ неодамна сподели еден од спомените од ваквите прекрасни денови со своите следбеници на „Инстаграм“.
Станува збор за фотографија која е направена пред точно седум години. На неа таа и Филип позираат, гушкани и насмеани. Бидејќи во описот го ставила бројот 7 и срце, заклучокот е дека Филип и Прија токму на овој ден ја слават седмата година од нивната врска.
На адресата на пејачката цел ден пристигнуваат честитки со желба љубовта и бракот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ да траат, а сопружниците да остарат заедно.
Неодамна Пријовиќ откри дека би сакала да роди ќерка.
– Веќе украсив се, вклучително и елката! Аки едвај чекаше, а деновиве се договоривме да му напишеме писмо на Дедо Мраз. Кога ќе спомнам друго бебе, тој вели дека сака брат, а не сестра. Не планирав ни кога дојде тој, па мислам дека така ќе биде и за другото, ќе биде како што треба да биде. Би сакала да имам девојче, но тоа не ми е толку важно. Сигурна сум дека нема да чекам долго. И близнаци може зошто да не, низ смеа рече Пријовиќ.