Кафе муабет
Александра Младеновиќ конечно откри зошто раскина со Исак: Пејачката е бесна на него- Не сакам да го видам, што подалеку од мене
Ја повредил...
Пејачката Александра Младеновиќ летово имаше многу работа што значи дека одлично и оди но кога е љубовниот живот во прашање изгледа дека не и цветаат рози.
Александра до пред извесен период беше во врска со колегата Исак Шабановиќ за кој не сака да слушне по раскинувањето.
– Едноставно ми е убаво што сум сама и што сум слободна. Не сум имал добро искуство во блиско минато. Се трудам да поминувам што повеќе време со семејството и пријателите – рече Александра Младеновиќ и додаде:
– Не сум расположена да зборувам за тоа претходно искуство. Јас лично кажав дека не сакам контакт со Исак Шабановиќ и стојам зад тоа. Му посакувам се најдобро во животот, што подалеку од мене. Не сакам да ја отворам таа тема, веројатно разбирате дека ме повреди штом зборувам вака – изјави Александра Младеновиќ за „Курир“.
Пејачката едноставно збеснува кога некој ќе и го спомне Исак, а јасно е дека неславно се разделиле, бидејќи не се во никаков контакт, ниту пак Александра има пофални зборови за Исак.
– Воопшто не би го коментирала Исак. Навистина не сакам повеќе да зборувам за него. Не одржуваме контакт и не би се навраќала на таа приказна. Не ме интересира ништо што се однесува на него – изјави пејачката неодамна а потоа призна дека се изгорела и повеќе не сака јавноста да биде запознаена со нејзиниот љубовен живот и дека нема да го покажува своето момче додека не се увери дека тој е вистинскиот.
Таа додаде дека тоа и е минато и дека го оставила зад себе.
– Немам време ни да размислувам за ниту еден маж, максимално се посветив на моите настапи. Кога ќе дојде вистинскиот ќе го покажам. Изгорев, иако не е наша вина, се случи тоа што се случи, камерите не фатија, но генерално не сум за тоа да го покажам мојот партнер, луѓето треба да се интересираат за моите песни – изјави таа.
Пејачката зборуваше за своите деловни успеси, а потоа се осврна и на свадбата која и го одбележа периодов но и за својот љубовен живот.
– Ми беше голема чест и задоволство да пеам на таа свадба, беше навистина убаво и незаборавно, сигурно ќе ми остане засекогаш во сеќавање. Имаше доволно пари, иако тоа не е важно. Секако, сите ние пејачите ја работиме оваа работа за пари, да не се лажеме, но прво мора да ја сакаш и да ја чувствуваш оваа работа, а јас сум некој што си ја сакам работата и едноставно се оди заедно со неа, и парите и пеењето – нагласува Младеновиќ па открива дали нашла некој кошаркар за себе на таа свадба:
– Не гледав, иако тогаш веќе бев слободна, но не гледав. Бев премногу возбудена и воодушевена од целата таа церемонија, нивните обичаи, беше една сосема поинаква свадба од оние од нашите простори. Не мислам и мојата свадба да биде таква, единствено ми е важно мојот иден маж да биде добар човек, шатор на ливада е добра идеја што се однесува до мене, не е важно дали е во луксузен хотел или не, се додека ме сака и почитува! Се уште не размислувам за свадба, знам само дека ќе бидам убава – се насмеа пејачката.