Дом и семејство
По една добра причина зошто на сите ни треба животно осигурување
Животното осигурување ви помага финансиски да се погрижите за саканите, дури и кога ќе ве нема помеѓу нив. Ако било кој финансиски зависи од вас, со сигурност и на вас ви треба, односно не смеете да си дозволите да сте без своја полиса.
Тоа е за другите, мене не ми треба …
За да можеме да ви помогнеме полесно да разберете како животното осигурување би можело да влијае на вашите животи, избравме неколку сценарија – ако сте постари или помлади, во брак или сами, имате деца или не. Размислете на момент, како животното осигурување може да се вклопи во вашите финансиски планови.
АКО СТЕ ВО БРАК
На повеќето семејства им требаат приходите од двајцата партнери, за да можат да “преживеат”. Дали вашето семејство ќе може да преживее само со проиходите од едниот партнер, доколку на другиот му се случи ненадејна смрт? Најверојатно не. Животното осигурување овозможува вашите планови за иднината на семејството и децата да не згаснат со згаснување на нечиј живот.
АКО НЕ ЗАРАБОТУВАТЕ
Ако сте домаќинка и не работите, тоа не значи дека не придонесувате кон семејниот буџет. Грижата за децата, домаќинството и сите активности за оддржувањето на семејството се многу значајни и надоместуваат трошоци кои секако не се занемарливи. Дали вашиот сопруг би можел да си ги дозволи тие трошоци ако ангажира друг за тие активности? Со животното осигурување тој може да ви помогне и во вакви услови да си обезбедите пензија и сопствени средства за деновите во староста, дури без ни еден ден работен однос и стаж.
АКО СТЕ САМОХРАН РОДИТЕЛ
Како старател и родител кој ја носи одговорноста за своите деца, вие сте вработениот, готвачот, шоферот и уште многу други улоги. Едноставно, вашите најсакани зависат само од вас. Сте се запрашале што ќе се случува со децата ако вас ве нема? Токму од причина што сте два во еден родител, вашата одговорност кон иднината на децата е двократно поголема. Но за жал сеуште многу малку самохрани родители направиле животно осигурување, со што би ја осигурале иднината на своите најмили во случај нешто несакано ним да им се случи.
АКО ДЕЦАТА ПОРАСНАЛЕ, СТЕ ГИ ИСПЛАТИЛЕ КРЕДИТИТЕ
Секако ви се чини дека нема веќе потреба од животно осигурување. Ако децата застанале на “свои нозе” , ако сте завршиле со долговите и кредитите, тоа не значи дека пензијата која ќе ја имате ќе биде доволна за сите потреби во староста, за се она што допрва ве очекува. Постои можност дури и да треба да очекувате финансиска помош од децата. Трошоци за живот, лекувања, внучиња, … сето тоа дали ќе можете да го сервисирате со малите пензии, ако навреме не направите дополнителен пензиски буџет со помош на животното осигурување.
ИМАТЕ СОПСТВЕН БИЗНИС
Освен тоа што полисата за животно осигурување го штити вашето семејство, таа го штити и вашиот бизнис. Сега сте финансиски јаки, бизнисот добро оди …
Но, што би се случило со бизнисот ако вас или некој од клучните варботени го нема? Што ако дополнително имате подигнато хипотекарен кредит за развој на бизнисот? Тоа може да значи и ненадминливи финансиски проблеми за семејството и големи губитоци. Полисата за животно осигурување може да помогне при враќање на кредитот, заштита на заложениот имот, или како капитал кој ќе му помогне на семејството и без вас да го оддржи и продолжи бизнисот и да ја имаат иднината за која сте се бореле во животот.
АКО ЖИВЕЕТЕ САМ/САМА
Многумина кои живеат сами немаат интерес за животно осигурување затоа што не се финансиски зависни од никого, ниту пак некој од нив. Но постојат неколку скриени проблеми. Ако имате кредити, добро е со полисата да создадете финансиска поддршка на вашето семејство, кое секако би требало да ги отплаќа вашите долгови ако на вас нешто ви се случи. Дополнително, во староста најверојатно ќе треба да плаќате некој да ве чува, што со оглед на високите цени за сместување во домови нема да можете да си го дозволите само со пензијата.
За дополнителни информации во оваа проблематика како и одговори на ваши прашања, можете да се обратите до Јасминка Стојановска Лиценциран застапник за Осигурување
Тел: 076/ 317-930
Mail: all_insurance@t.mk