Дом и семејство

12 причини зошто е прекрасно да сте бремени

Да ги оставиме за миг на страна утринските односно најчесто целодневните мачнини, отечените нозе, болките во грбот и половината, акните на лицето, фактот што не можете сами да си ги врзете патиките или пак да си ги исечете и лакирате ноктите на нозете…

и да се задржиме на работите кои се навистина прекрасни и резервирани само за периодот од вашиот живот додека сте во блажена состојба.

 

А тие се многу!

Сакале да си признаат или не, сите идни мајки се чувствуваат прекрасно поради следниве работи:

1.

Прво и основно е бебето во стомакот и чувството дека се топите од среќа кога ќе си помислите на него!

2.

Имате поголеми гради – како да сте вметнале силикони во периодот кога сте бремени и доите. Додека ова се живи радости за жените што не се многу надарени во овој поглед, за оние што се, ситуацијата не е многу интересна …

3.

Немате месечен циклус 9 месеци + гратис неколку месеци во периодот на доење.

4.

Не мора веќе да се стегате со мидери, хулахопки и сл. за да изгледате послаби. Воопшто не е чудно ако ви се појави некој вишок некаде бидејќи сте бремени!

5.

Можете да одите на педикир и масажи на нозете без чувство на вина колку сакате. Пожелно е и партнерот повремено да ви ги измасира нозете!

6.

 

Имате оправдание да си прилегнете и да се одморите кога сакате.

7.

Не морате да кревате и да носите ништо тешко.

8.

Иако во некоја фаза неизбежно ќе заличат на кит или шифоњер, многу жени се навистина среќни затоа што во периодот на бременоста имаат почиста и посјајна кожа, поубава коса и појаки нокти.

9.

Секс без заштита – нема за што да се грижите, веќе сте бремени!

10.

Можете да јадете дополнителни 300 калории дневно и да уживате во омилените десерти без никаква грижа на совеста. Јадењето за двајца, што го практикуваат многу идни мајки, сепак не се препорачува.

11.

Конечно на некој ќе му текне да стане за вие да седнете во градски автобус!

12.

Сите се многу фини и љубезни спрема вас, целото семејство и пријателите, потполно непознати луѓе ви се смешкаат, ви отвораат врата, ви даваат ред во маркет или во банка, комшиите ви помагаат околу кесите… Не заборавајте – треба секогаш да бидеме позитивни и да се концентрираме на убавите работи, неубавите треба едноставно да ги игнорираме или да си велиме дека брзо ќе поминат.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close