Градинка

Зошто удираат децата?

Овие работи понекогаш придонесуваат децата да кренат рака на вас.

Важно е да се разбере дека постојат примарни причини поради кои малите деца ги повредуваат другите. Ако имате дете кое удира, знајте дека тоа не е во целсот родителски неуспех. Таквото однесување, секако, никогаш не е прифатливо, но би морале да бидеме свесни за тоа дека постојат одредени биолошки и развојни карактеристики кои придонесуваат за тоа.

Чувствителност

Начинот на кој децата допираат, чувствуваат и го истражуваат светот, се разликува од начинот на кој тоа го доживуваат возрасните. Како резултат на тоа, најверојатно е дека ќе ги турнат другите деца или ќе ги удират. Треба да го почитувате и тоа дека на детето му треба свој простор, а родителите може да му помогнат на тој начин што ќе се обидат да го оттргнат од агресивното однесување и ќе му дадат дополнителна стимулациа преку почести прегратки, масажи и слично.

Привлекување внимание

Кога децата удираат, ние им посветуваме повеќе внимание и се насочуваме кон нив. Децата сфаќаат дека со тоа го добиваат вниманието од родителите и затоа понекогаш пристапуваат кон такво однесување.

Енергија

Децата се полни со енергија и таа може да ги надвладее и тие да почнат да се однесуваат како „луди“, што вклучува и детруктивно однесување кон другите. Родителите треба да пронајдат начин за трошење на дополнителната енергија: физичката активност секогаш е најдобро решение.

Комуникација

Пред нашите деца да ги стекнат јазичните вештини, обично го користат своето тело за комуникација. Ако имате дете кое доцни со оговорот, тоа би можело да биде посебно фрустрирано заради тоа што не е во можност да комуницира со вас, и како резултат на тоа, најверојатно ќе удират. Како ќе се развива комуникацијата и ќе се подобруваат социјалните вештини, овој вид однесување обично ќе почне да исчезнува.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close