Аби Јакобс, горда мајка на ќерка, објаснува кои се предностите кога имате дете единец. За сите оние кои поставуваат слични прашања на своите пријатели кои имаат едно дете, еве неколку предности од оваа одлука.
Нашата ќерка е нашиот најдобар партнер на нашите патувања
Оваа мајка објаснува дека нејзината ќерка не се споредува и речиси секогаш е задоволна со она што го има.
Имаме вишок пари
Не, не сме богати, но мојот сопруг и јас работиме и нашата ќерка не оди во приватно училиште. Тоа значи дека имаме средства за да одиме на одмор неколку пати годишно, за факултет и за удобност. Ако таа сака да се занимава со уметност, балет, карате, нам не ни е толку тешко да ѝ го дозволиме тоа.
Можеме да си ги истражуваме сопствените интереси
Не чувствувам дека која било врата ми е затворена. Ако сакам да се занимавам со некое ново хоби, во тоа навистина нема што да ме спречи.
Се’ уште можеме да патуваме
Нашата ќерка е нашиот најдобар партнер на нашите патувања.