Мајката Скорпија е жена полна со хумор, а за неа е од особено значење насмевката на нејзините деца. Иако не изразува честопати нежност, сепак, знае да го компензира со тоа што секогаш ќе побуди позитивни емоции кај нејзините најмили.
Мајките Скорпии се едни од најверните личности кои можете да ги сретнете. На нив децата секогаш може да се потпрат и да им ги кажат проблемите. Со нив е интересно и забавно, а притоа знаете дека имате поддршка до себе.
Скорпиите имаат моќ да забележат се’ и ништо не може да им избега од очи. Нова фризура, ново парче облека, нова ташна, средени веѓи….? Ништо од ова нема да ѝ избега од поглед на мама Скорпија!
Овие жени ја ценат секоја убава работа која другите ќе ја направат за нив, а исто така паметат кога некој им понудил помош. Тие имаат голема енергија, а ако ја насочат во добар правец, може да го променат светот! Со нив може да се разговара на различни теми, без притоа да се чувствувате осудени или критикувани. За своите деца може да направи се’ за да ги заштити од злите влијанија.
Но, неретко се среќаваме и со ситуација кога мајката Скорпија ги разгалува по малку и своите деца, затоа што доаѓа до крајности сакајќи да ги задоволи потребите на нејзините најмили, па наместо да ги направи среќни, ги пренасочува во друг правец.