Градинка
Зошто е добро понекогаш браќата и сестрите да се караат, а родителите да не се мешаат?
И кавгата има свои предности.
После работната недела, секој родител сака да помине мирен викенд за да се одмори и да ги наполни батериите за наредната работна недела која доаѓа. Но, понекогаш работите не се толку едноставни, посебно ако имате две или повеќе деца во вашиот дом. Тие лесно може да се скараат или да се степаат, при што бараат помош од родителите…
Едното дете секогаш му ги зема работите на другото, а потоа доаѓа до плачење и викање. Без разлика кој е виновен, во сета таа немирна ситуација, има и добра вест. Вестта која многу родители би сакале да ја слушнат: Соперништвото помеѓу браќата и есетрите го поттикнува когнитивниот и емоционалниот развој, ја развива зрелоста и ги подобрува социјалните вештини.
Откако ќе се смири ситуацијата, разговарајте, но не мешајте се и не заземајте страна. Колку што повеќе доаѓаат до конфликти браќата и сестрите, толку повеќе учат сложени ситуации за комуникацијата и меѓусебниот однос. Според едно истражување, колку што повеќе се вознемируваат децата, толку повеќе учат да ги регулираат своите емоции и како може да влијаат на туѓите чувства.
Секако дека никој родител не сака да ги гледа децата како се тепаат или расправаат секојдневно, но, сепак добро е да се знае дека понекогаш ние родителите треба да се тргнеме на страна и да дозволиме децата да ги решат проблемите меѓусебно.