Градинка

Зошто е добро да го научите детето да си игра самостојно?

Самостојната игра е од особено значење за развојот на детето.

Играта со детето е прекрасна и за родителите и за децата, но, самостојната игра исто така е важна за детскиот развој. Во продолжение прочитајте неколку корисни совети со чијашто помош вашето малечко среќно ќе си игра без вас.

Почнете рано

Ако твоето бебе никогаш не си играло само со себе, тогаш најверојатно ќе му биде потешко да си игра само кога малку ќе потпорасне. Секако, тоа не значи дека никогаш не треба да си игра со вас, но треба да му покажете дека не сте секогаш вие единствениот избор на забава.

Одвреме-навреме оставете го детето да си игра само со своите играчки, на сигурно место каде што ќе можете да го надгледувате и едноставно да дојдете до него ако тоа е потребно.

Постепено воведувајте самостојна игра

Не очекувајте вашето малечко одеднаш да почне со часови да си игра само. Учењето на самостојната игра може да потрае малку подолго време додека не се навикне детето, но нежниот и постепен пристап секогаш е најдоброто решение.

Можете да почнете на тој начин што ќе седнете до детето додека си игра, но не учествувајте активно во играта. По одредено време оддалечете се за момент и потоа вредете се (пред да почне да плаче), а секогаш продолжувајте го времето во кое ве нема крај детето.

Постепено, тоа ќе сфати дека не треба секогаш да бидете крај него, а притоа ќе чувствува утеха знаејќи дека не сте далеку.

Пуштете го детето да ја води играта

Ова звучи едноставно и логично. но, многу родители несвесно не им дозволуваат на децата да ја водат. Дозволете му самото тоа да избере со кои играчки ќе си играте, на пример, кои кукли ќе ги повикате на состанокот и слично. Со самото тоа што на детето ќе му дадете целосна слобода во играта, ќе му помогнете така и да се чувствува и кога нема да си играте заедно.

Не предавајте се

Ако секогаш му попуштате на детето и си играте заедно со него, никогаш нема да го научите да игра самото. Можеби на почетокот е тешко, но ако почнете заедно да играте и потоа да му објасните дека сега мора да завршите некои обврски, со текот на времето ќе сфати како функционираат работите. Само потсетувајте се да останете љубезни, нежни и да го охрабрувате вашето дете.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close