Кафе муабет

Жено, не плаши се, биди своја, пронајди СРЕЌА

Стани наутро и подготви си кафе...

Нашминкај се, разбуди се со желба за живот. Облечи нешто по свој вкус и тргни по улица. Главата горе. Биди горда на себе, на своите достигнувања.

Биди љубезна со шефот и со колегите. Смеј се. Оди на пауза. Кажувај кога си уморна. Слушај ги другите. Размислувај за семејството и за малите работи кои го прават животот комплетен. Не размислувај. Размислувај. Биди рамнодушна бидејќи нема да одиш на летувања. Бори се за своите права. Човечките права.

Закажи депилација. Пушти ги влакната да пораснат. Зборувај со сестра ти. Јави ѝ се на мајка ти. Прашај ја како е баба ти. Заврши ја смената еден час подоцна. Не жали се. Биди безобразна, изгледај кул.

Не плаши се од самотијата. Не биди наивна. Фрли го погледот на некој излог. Погледни во некој на улица, така случајно. Исправи се додека одиш. Би можела почесто да носиш високи потпетици. Избегнувај тестенини. Пиј повеќе течности. Сокриј ги подочниците. Шетај повеќе. Избори се со своето минато. Биди среќна, биди задоволна.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close