Кафе муабет
Жена Девица – подобро ќе остане сама ако не успее да го најде совршениот партнер
Таа мислите ги базира на реалноста, а не на фантазијата.
Таа е снаодлива, духовите, практична, скромна, срамежлива и прецизна. Нејзината животна мислија е да биде херој и да ги плени другите со своето знаење и интелигенција.
Во врската е целосно верна и за неа е важен секој детаљ. Подобро би била сама, отколку да биде со погрешна личност. Таа не го бара само оној вистинскиот, туку совршениот. Тоа не значи дека бара некој кој е совршен во буквална смисла на зборот (зашто таков човек и не постои), туку некој со кој совршено ќе се согласува.
Деталите ѝ се важни и во љубовта од својот партнер очекува „зачини“ како што е цвеќе, миризливи свеќи и романтика. Скромна е и конзервативна во многу области во животот. Таа сака партнерот да презема иницијатива, а најдобро се сложува со Скорпија, Близнаци, Рак, Бик и Јарец.
Дозволете ѝ на Девицата да ја изрази својата личност. Таа не сака постојано да биде фокусирана на домаќинските работи, зашто важна ѝ е и кариерата, каде што честопати забележува голем успех. Другите ја гледаат како надарена личност, од таа причина што жената Девица честопати умее да ги види работите кои никој не ги гледа и да ги искористи во своја полза.
Оваа жена иако умее да ги занемари домашните обврски, важи за пожртвувана мајка која знае како да ги насочи своите деца на вистинскиот пат. Разумна е и како мајка и како сопруга. Девицата секогаш има свој мал свет и таинственост, па засекогаш и за сите останува скриена и малку нејасна.