Кафе муабет

Жалосно е парите да ти кажуваат кој да сакаш и со кој да легнуваш навечер

Жалосно е парите да ти управуваат со расположението...

Секојдневно сме сведоци на тажни приказни поврзани со парите. За девојки кои се продаваат за пари. За пријателства кои раскинуваат поради пари. За браќа кои не разговараат поради пари или поради парче земја. За убиство поради пари. За распаднати семејства… поради пари.

Жалосно е парите да ти го диктираат расположението. Жалосно е тие да ти кажат кој треба да љубиш и со кој ќе легнуваш навечер. Жалосно е парите да ти диктираат со кој ќе пиеш кафе и кои ќе ти бидат другари. Жалосно е, и бедно.

Јасно е дека парите плаќаат сметки. Јасно е дека се потребни. Потребни се да ги платите оние работи кои морате и тука престанува нивното диктирање на она што ве дефинира.

Дозволете си да ве води љубовта, а не парите. Залудни се парите, ако немате топла и искрена прегратка. Залудни се ако некој те сака само поради нив. Залудни се ако имаш празна душа, тогаш се само парче хартија.

Проклет е животот во кој се’ е на дигитрон. Собирање, одземање, поделување, пресметување… Животот не се пресметува, животот се живее. Онака како што ви вели срцето. Не дозволувајте некој да ве купи само со материјални работи, со пари, со подароци, со клуч од автомобил.

Прегратки, бакнежи, убав збор… незаменливи се. Пријателите не пресметуваат колку кафиња си платил ти, а колку тие. Вистинските пријатели не размислуваат за тоа. Не можат парите да ти го диктираат животот и да ти го исполнат празното срце. Кога имаш љубов – имаш се’!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close